Нина Агдал дефинитивно знае како да го сврти вниманието на себе, а очигледно има многу самодоверба и нема никаков проблем на светот да му го покаже своето голо тело.
Познатата данска манекенка неодамна на социјалната мрежа Инстаграм споделила гола фотографија.
Нина вешто позирала, а најинтимните делови од телото не се гледаат поради карактеристичната поза, додека пак градите ги покрила со дланката. Манекенката се пофалила со својата извајана и затегната фигура на тело која ја должи на напорните тренинзи во теретана, но и боксот.
View this post on Instagram
Фотографијата целосно очекувано привлекла внимание, а покрај лајковите таа добила и бројни коментари.
„О, прекрасна си и природна“, „Ми изгледа како да си единствената природна убавица која остана“, „Прекрасна си“, „Неверојатна си и секси“, „Какво тело, каква природно извајана жена“, се само дел од коментарите.

Инаку, убавата 29-годишна девојка неколку пати отворено зборувала за проблемите со кои се соочила во модната индустрија – од оние што своевремено одвај може да си најде работа затоа што не спаѓала во групата класични слаби девојки, до тоа што кога добила ангажман, нејзините фотографии дополнително биле обработувани во Фотошоп.
Оваа сексапилна русокоса искрено признала дека често се соочува со тоа, односно дека ѝ се потсмеваат поради „здравата“ и „нормална“ телесна тежина, но исто така истакнала дека не сака никогаш да се менува и сака да се чувствува добро во својата кожа.
Нина се прославила во врската со 18 години постариот Леонардо Дикаприо, а по раскинувањето со него утеха пронашла во прегратките на синот на познатата манекенка Кристи Бринкли – Џек Бринкли (26), но парот раскинал кон крајот на 2021 година по 4 години љубов.