Таа беше една од најубавите жени во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, но поради последните објави на социјалните мрежи, фановите се загрижени за нејзината психичка состојба.
„Толку многу се трудам да бидам благодарна и позитивна и да гледам напред, но некои денови едноставно се такви што болат“, напишала на Инстаграм покрај фотографијата која ја поставила Полина Поришкова (55), поранешен супермодел и една од најубавите жени на светот во текот на 80-тите и 90-тите години.
Исто така таа признала и дека се бори со депресивни фази во животот, но и дека стареењето тешко го поднесува.
„Често помислувам колку проклето е тешко да бидеш жена. Тешко е да бидеш жена над 50 години затоа што те ‘‘исфрлаат’’ од сите комбинации. Постои тој некој чуден период – изгледаш прекрасно како Џеј Ло и изгледаш како Бети Вајт. Како меѓу тие две работи да постои мртва зона, па јас потоа се обидувам да си го пополнам просторот. Вчера имав мал нервен слом, но веќе денеска ми е подобро. На некој начин, тоа ме ослободува. Воедно, тоа и ме плаши затоа што не сакав, но морам да научам да летам користејќи ги сопствените крилја“, напишала актерката.
Неодамна таа на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која што позира целосно гола во знак на поддршка на колешката Елизабет Харли.
„Кога имав 20 – 30 години, што помалку облека носев, толку попопуларна бев. Во 40-тите години можев да одам гола и не би заработила ништо повеќе од нарушување на јавниот ред и мир. На 50, ме навредуваат поради тоа. „Облечи се бабо“, „Ова е очајно“, „Желна си за внимание“, „Патетична си“. Зошто на сексуалноста и голотијата се алудира само во текот на младоста, а истата се навредува во текот на зрелоста? Поради мажите“, напишала Паулина.