Некогаш ја тресеше Југославија и помина низ хорор! Се уште изгледа како бомба! (ФОТО)

Ана Сасо, манекенка од Сплит, беше предмет на желбите на посилниот пол во поранешна Југославија. Но и покрај силните мажи со кои била опкружена, манекенката сепак немала среќа во љубовта.

Ана во 1982 година ја освои титулата Мис на Југославија, а на изборот за Мис на светот се најде меѓу 15-те најубави.

Google search engine

Кариерата ја продолжи ширум светот, каде што работеше како модел. Кај нас остана запаметена по секси рекламата за освежителен пијалок во кој скока во вода, а на себе има само мокра тесна маица и долниот дел од костимот за капење кој ја истакнува нејзината завидна фигура.

Манекенката стана мега популарна и позната кога победи на изборот за Мис на Југославија, но сепак не успеа да најде среќа и мир во љубовта. Се омажила двапати и била несреќна и во двата брака.

Ана беше во брак со, Ненад Баре Теклиќ. Тој го возел првото „порше“ во Сплит, бил во шема со една пејачка и за триесет години отворил десетина, кафулиња и клубови во Далмација. Тој загина во сообраќајна несреќа пред неколку години.

Поранешната мисица беше во брак и со Игор Франчески, рибар и адвокат, во кој мина низ пекол. Ја изневерувал и јавно шеташе со млади девојки во строгиот центар на Сплит. Го оставила, а две години по разводот Франчески бил уапсен бидејќи во неговиот стан се проституирале девојки од организирана група.

Се пишуваше и дека Ана била во врска со доктор, но никогаш не сакала да зборува за тоа.

Интересно е и тоа што пееше и Ана. Снимила неколку песни, а со песната „Оли бело, оли црно“ настапува на Сплитскиот фестивал во 1982 година.

Тоа што можеме да го видиме, а што е неверојатно, е дека таа изгледа исто толку добро во шестата деценија како и во младоста.

Таа е многу згодна и има затегнато тело на кое многу помлади девојки можат да и позавидат.