Нејзините хитови ги пееја сите во 90-тите, а 31 година подоцна ретко кој ја препознава: Погледнете како изгледа некогашната поп-дива

Поп кралицата и пејачка на хитот „Everybody’s Free“, Розала изгледа сензационално дури и по 31 година од објавувањето на таа песна.

Замбиската пејачка, наречена е кралица на музиката, а станала позната по тоа што нејзината песна од 90-тите ја направи славна, а реалити дивата Џем Колинс дури и снимила своја верзија од овој хит.

Google search engine

Розала (58) ја открила својата убавина која им пркоси на годините.

Луѓето одвај ја препознале откако ја променила својата фризура, а ја покажала и својата природна убавина и блеснала на сцена со само малку шминка на своето лице.

Ѕвездата, чии химни на танцовиот подиум ги вклучуваат и „Faith in the Power of Love“ и „Are You Ready to Fly“ на турнејата без прекин се заблагодарувала и ги оживеала своите хитови.

„Everybody’s Free“ стана и химна на LGBTQ и Black Lives Matters поради својот моќен текст. Користена е и во ТВ-реклами, како и во реалити емисијата „Остров на љубовта“.

Пејачката била избрана да го поддржи Мајкл Џексон во неговата турнеја во 1992 година и се присетила дека покојниот крал на попот ја прашал за совет како да се грижи за неговиот глас.

Нејзината оптимистична нумера „I Love Music“ беше музика на холивудскиот блокбастер „Carlito’s Way“ со Ал Пачино и Шон Пен во главните улоги во 1993 година.