Неговата мајка 17 години не можела да собере сили да го прочита наодот од обдукцијата: Морничавата судбина на актерот никого не остава рамнодушен

Поминаа повеќе од 2 децении од изненадната смрт на тогаш 19-годишниот актер Душан Пекиќ, кој се прослави со улогата на Пинки во филмот „Рани“.

Пекиќ сакал да се запише на Академијата и да стане актер, но тоа никогаш не го остварил. Тој во 2000 година отишол во Краљево на отслужување на воениот рок, од кој никогаш не се вратил. Во ноќта помеѓу 26-ти и 27-ми март, тогаш 19-годишниот Душан починал во воената касарна, а за причината за смртта долги години се шпекулираше.

Некои велеа дека преголемата доза на недозволени супстанци била фатална, додека други зборуваа дека се задушил во сон, а неговата мајка Милунка Ташиќ по дури 17 години собрала сили да ја дознае вистината.

„Доби нова улога, но смртта беше побрза. Беше во Краљево во војска. Претходниот ден положиле заклетва. Претерал со пиењето. Кога се разделивме, замина со пријател до соседниот град и продолжил да пие. Се вратиле околу полноќ во касарната. Кога наутро офицерот ги будел војниците од неговата соба, сите морале да станат. Тој го оставил Душан да спие бидејќи му бил миленик, а и инаку тешко се будеше“, раскажала неговата мајка.

„Доколку офицерот го разбудел како и останатите војници, сега би бил жив. Подоцна, околу 8 часот, некој влегол во собата и го слушнал како се дави. Тогаш сите потрчале да го спасат, но било предоцна. Во обдукцискиот записник пишува дека смртта настанала како последица од гушење, поради вдишување на желудочна содржина. ‘Во грлото, душникот и главните душници се наоѓа обилна количина на желудочна содржина која речиси во целост го исполнува нивниот лумен и во кои се препознатливи делови од полусварена храна’. По 17 години се осудив да го прочитам тој наод“, додала Милунка.

Иако никогаш нема да се помири со неговата смрт, таа никого не обвинува.

„Несреќен сплет на околности. Живееше брзо и кратко, но исполнето. Сакаше да запише актерство и започна да се подготвува. Душан беше големина бидејќи ги сакаше луѓето. Беше спремен да подели сè со останатите – облека, храна, а кога немаа каде, ги доведуваше да преспијат. Некогаш се лутев поради тоа. Тој беше милослив, затоа веројатно сè уште е во срцата на многумина, а тоа е чекорот до вечноста“, рекла мајката на незаборавливиот Пинки.