Не знам уште колку месеци живот ми останаа!? Славната пејачка ја потресе јавноста со писмото за смртта која ѝ „тропа на вратата“

Пејачката Сара Хардинг открила дека не знае уште колку месеци живот ѝ остануваaт откако канцерот ѝ се проширил и на ‘рбетниот столб.

Членката на некогашниот популарен бенд „The Girls Around“, меѓу другото ја опишала и својата борба против канцерот во својата нова книга „Hear Me Out“.

Google search engine

„Во декември докторот ми рече дека претстојниот Божиќ веројатно ќе ми биде последен. Не сакам точна прогноза. Не знам зошто тоа некој би го сакал. Тоа што ми е сега важно е тоа што ми е удобно и немам болки. Се трудам да живеам и уживам во секоја секунда од животот, колку и да трае. Во текот на сето ова, понекогаш ќе се напијам и една или две чашки вино затоа што тоа ми помага да се опуштам“, напишала оваа 39-годишна девојка.

Додала и дека сака да се обиде да си угоди себеси и да ужива колку што може затоа што не знае „колку месеци од својот живот ѝ останале“.

Таа објаснила дека е одлучна во тоа и дека не сака да оди на радиотерапија и да ризикува да ја изгуби својата коса затоа што мисли дена не вреди доколку веќе ѝ се останати уште неколку месеци од животот. Пејачката притоа истакнала дека веќе се соочувала со агонијата на губењето на дојките, па сега не сака да ги изгуби ни своите локни, пренесува „Daily mail“.

Славната Британка открила дека приоритет ѝ е да помине што повеќе време со својата мајка и пријателите пред засекогаш да го напушти светот и дека се надева дека ќе приреди голема забава на која што ќе се прости од саканите луѓе.

„Мислам дека навистина би сакала да ги видам сите мои пријатели, сите заедно за последен пат. Би сакала да приредам прекрасна, голема, проклета забава како начин да кажам благодарам и збогум“, додала таа.

„Благодарна сум што секој ден од животот се будам и го живеам најдобро што можам затоа што сега знам колку тоа е драгоцено. Сега, кога ништо повеќе не е сигурно“, заклучила оваа 39-годишна убавица.