„Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив“: Сведоштво на девојка чија фотографија е злоупотребена во „Јавна соба“

28-годишна девојка од Кавадарци на Инстаграм објави видео во кое го сподели своето искуство со „Јавна соба“, откако таму била објавена нејзина фотографија, број и градот каде што живее.

„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вибер, на WhatsApp, на Mесинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Сè додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места, сведочи Ана.

Реклама

„Се испаничив, се преплашив, никогаш досега не сум доживеала такво нешто и отидов во Одделот за сајбер криминал во Скопје за да пријавам. Им ја покажав сликата, им ги покажав пораките, повиците. Им кажав дека ги имам со име и презиме луѓето кои што ми ѕвонеа и пишуваа. Меѓутоа, кога слушнаа дека сум полнолетна ми рекоа дека не можат ништо да направат бидејќи Законот во нашата држава е само за малолетници за вакви случаи. Јас во тој момент се почувуствував толку беспомошно и бесно што навистина не знаев што да направам и каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, многу се разочарав и видов дека во државава не постои правда, дека ако ние имаме над 18 години немаме никаква заштита. Токму поради тоа луѓето се осмелуваат на вакви работи зашто знаат дека никој ништо нема да им направи“, вели Ана на Инстаграм.

Реклама