Не ви остана уште многу: Кој е Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер кој наводно пристигнал во Украина и ја пратил оваа заканувачка порака

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров наводно пристигнал во Украина за да се бори заедно со руските сили и им порача на Украинците дека нивниот отпор нема да трае уште долго.

Кадиров наводно ги предупредил оние кои го бранат Киев дека ќе бидат прогонети и убиени, а дека престолнината на Украина ќе падне во рок од 48 часа.

Google search engine

Тој своето доаѓање во Украина го најавил со поставување на видео снимка на социјалните мрежи и се заканил дека ќе ги убие оние кои одбиваат да се предадат.

Кадиров минатиот викенд тврдел дека се наоѓа во близина на аеродромот Хостомел, северно од главниот град на Украина. „Пред некој ден бевме на 20 километри од вас киевски нацисти, а сега сме уште поблиску. Не ви останува уште долго. Подобро да се предадете и да застанете покрај нас… или ќе ви следи брз крај“ навел тој.

„Ќе ви покажеме дека руската пракса во војувањето е подобра од странските теории и препораките од воените советници“, додал Кадиров.

Весникот “Украинска правда” објавил дека Кадиров всушност бил во Грозни кога тврдел дека се наоѓа во Киев и дека тоа го утврдиле така што му пратиле порака на Телеграм, поради која тој морал да кликне на линк кој ја открива неговата локација.

За чеченскиот лидер кој се себеси се нарекува пешадинец на Путин, се вели дека предводи војска од 10.000 луѓе, меѓу кои се и неговите тројца синови. Непотврдените извештаи сугерираат дека чеченските војници убивале луѓе и ги терале да ги напуштат своите домови на периферијата на Киев. Кадиров е обвинет за кршење на човековите права во Чеченија каде владее со железна тупаница.

Роден во 1976-та година, Кадиров е татко на 12 деца. Има шест синови – двајца посвоени и шест ќерки. Иако полигамијата е забранета во Русија, тој има три жени – Медина Мусаевна Кадирова, Фатина Казајева и Аминат Ахмадова.

Кадиров е на функција од 2007-ма година. Во текот на својот мандат водел чистки против хомосексуалци и го ограничувал јавниот живот на жените. Исто така е обвинет дека наредил киднапирање, мачење и убиство на противници, новинари и други критичари.

Наводно ги поттикнувал семејствата да ги убиваат своите геј членови и така да се поштедат себеси од срам.

„Хомосексуализмот се смета за срамен не само за лицето, туку и за целото негово семејство и постојат убиства од чест. Се смета дека хомосексуализмот носи многу срам во семејството и дека постои само еден начин да се испере срамот – да се убие лицето, и знаеме дека овие работи се случуваат. Понекогаш луѓето се ослободуваат од затвор бидејќи властите знаат дека ќе бидат убиени од семејството“, рекол еден активист за руска ЛГБТ мрежа.

Кадиров во интервју за “HBO” ги демантирал обвиненијата дека спроведува чистки на хомосексуалци, велејќи дека во Чеченија ги нема. „Тука немаме такви луѓе. Немаме хомосексуалци. Ако ги има, однесете ги во Канада. Слава на Бога. Веднаш однесете ги далеку од нас за да ги немаме дома. Да ја исчистиме нашата крв, ако ги има тука, земете ги“, рекол тој.

Запрашан за обвиненијата за систаматско мачење, Кадиров рекол: „Тоа е измислено. Тие се ѓаволи. Тие се на продажба. Тие полуделе. Проклети да се тие што не клеветат“.

Како што пренесува ирски “Independent”, Кадиров не само што се залагал за убиство на геј мажите, туку и одобрил убиство од чест на седум жени. Жените, кои биле пронајдени мртви покрај пат наводно биле прељубнички.

„Ако жената трча наоколу, ќе биде убиена“, им рекол на новинарите во 2009-та година, наведувајќи дека жените имале низок морал.

Исто така бил нашироко критикуван бидејќи ја користел својата спортска кариера за да прикрие злосторства и кршења на човекови права. Неговиот боречки клуб плаќал на познати спортисти да учествуваат на настани кои ги организирал, вклучувајќи и ММА борби во 2016-та година, на кои учествувале тројца негови синови, за да го прослават неговиот роденден.

Во уште еден обид да го подобри својот имиџ, во 2011-та година бил капитен на чеченскиот фудбалски бразилски XL. Постигнал два гола, но тимот изгубил 6-4 од своите бразилски противници. Кадиров изјавил дека го организирал натпреварот за покаже дека земјата закрепнала од долгиот сепаратистички судир.

Чеченија историски не била сојузник на Путин и Русија. Во 2000-та година, во текот на втората чеченска војна, таткото на Рамзан, Ахмад Кадиров, ја променил верноста и Путин го поставил на чело на Чеченската Република каде бил до убиството во 2004-та.