Не сакам повеќе да бидам во сродство со него на било кој начин! Синот на Илон Маск го менува полот и се одрекува од својот татко

Ксавиер Маск, 18-годишниот син на Илон Маск, поднел судско барање за законски да го промени својот пол, но и да се лиши од своето презиме.

„Не сакам повеќе да живеам во сродство со својот биолошки татко на било кој начин и во било кој облик или форма“, наводно стои во документите приложени до судот, пренесува „Daily Mail“.

Реклама

Ксавиер ја поднел документацијата на суд во Санта Моника кон средината на април и побарал во иднина да се вика Вивијан Џена Вилсон, објаснувајќи дека сака да го земе мајчиното презиме за да се оддалечи од својот татко.

Се уште не е познато дали Ксавиер добива финансиска поддршка од Илон, ниту е разјаснето дали неговото дистанцирање од татко му се однесува и на парите кои ги добива. Нејасно е што стои зад потегот на овој тинејџер и тоа на толку јавен начин, а не е ни познато дали Маск бил запознаен со планот на своето дете.

За потсетување, најбогатиот човек на светот беше на мета на критики во последните месеци поради неколкуте коментари за кои многумина тврдеа дека се трансфобични. Маск, имено, се жалеше на луѓето кои користат родово неутрални заменки, а признал и дека е обожавател на гувернерот на Флорида, Рон Десантис, кој донесе закон кој спречува расправа за родов идентитет и хомосексуалност во училниците со деца.

За потсетување, Маск го доби Ксавиер со првата сопруга – канадската авторка Џастин Вилсон, а парот беше 8 години во брак.

„Пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск побара развод по 8 години брак и 5 деца. Шест недели подоцна ми испрати порака дека се верил со прекрасната британска актерка Татула Рајли која е во раните 20-ти години и која поради него се преселила во Лос Анџелес. Тогаш помислив дека мојот живот со тој маж, освен моите 5 деца, се претворил во клише“, открила своевремено поранешната госпоѓа Маск.

Џастин изјавила и дека била „стартер сопруга“, објаснувајќи и што тоа всушност значи. Имено, парот се запознал уште додека Илон бил студент, а таа го следела низ животот и бројните подеми и падови, за на крајот тој да ја замени со „понов модел“ како да е телефон, а не личност.

Парот потоа по пат на вонтелесно оплодување доби 5 сина, близнаците Грифин и споменатиот Ксавиер и тројката Каи, Саксон и Дамиен, а се раздели во 2008 година. Џастин подоцна го обвини Илон дека се обидел да ја претвори во „трофеј сопруга“ и дека таа го презирала тоа.

„Не бев заинтересирана за ботокс, шминка или отстранување на лузните од царскиот рез. И без оглед на тоа колку прамени и да имав, Илон ме тераше да бидам русокоса. „Стани платинеста“, постојано ми зборуваше, а јас го одбивав“, додала таа.

Реклама