Не може да се сокрие трагата на парите, говориме за криминал од 110 -120 милиони евра

Мнозинскиот акционер во пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски во вчерашното гостување на Телевизија 24 излезе со тврдење дека криминалот во пропадната банка е тежок 110 милиони евра, а не 60 милиони евра. Тој го повика директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, кој исто така беше дел од емисијата, наместо истрагата да се насочува кон внатрешните структури во банката, да се истражи организираниот криминал за кој тој цело време зборува.

Google search engine

-Тој не е на улица, туку тој е во институциите, значи политика, врзан со одредени бизнис структури. Не можете да говорите, вие велите 60 милиони евра, јас ќе ви кажам 110 милиони евра се во прашање, бидејќи и јас должам тука свои пари. Тука се и мои пари од почетокот на банката па до денеска, дури 55-60 милиони евра. А луѓе, говориме за криминал од 110 -120 милиони евра кои денеска ги нема. Не може да се сокрие трагата на парите, рече Костовски.

Во 24 анализа претставникот на штедачите на Еуростандард банка Љуљзим Селами рече дека повеќе од 3000 семејства останале без заштеда.

-Имаме луѓе кои се на улица кои цел живот штеделе и живееле под кирија да купат стан и сега останале без тоа, зошто некој им ја украл. Има криминал. Тука штета има од 60 милиони евра направена кон депонентите. Ние сме биле обврзани со закон парите да ги ставиме во банка и требало некој совесно да ги чува. Народна банка требало да врши надзор,  рече Селами.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.