Новинарите на францускиот весник “Л’екип” го прогласија својот земјак, 48-годишниот тренер на Реал Мадрид – Зинедин Зидан, за најдобар експерт на планетата.
Конкуренти на Французинот му биле врвни тренери со тоа што на второто место е Шпанецот Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), додека на третото место се најде Германецот Јирген Клоп (Ливерпул).
“Зидан тренираше само еден клуб – Реал Мадрид, но со него 3 пати по ред беше освоена титулата во Лигата на шампионите. Исто така, во шпанското првенство беше симната Барселона од тронот, што е голем подвиг”, ја образложил весникот својата одлука.

На победничкиот пиедестал не се нашол ни менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
“Мурињо е сè уште брилијантен на конференциите за медиуми, но на теренот ја има изгубено магијата, играта на неговиот тим е здодевна и е милиони милји далеку од славните денови”, се наведува во текстот.