Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг и понатаму одбива да се вакцинира и поради тоа би можел да остане без 17 милиони долари.
Властите во Њујорк и Сан Франциско им забрануваат на невакцинираните лица влез во салите, така што сите кошаркари мора да имаат потврда за вакцинација за да можат да играат на натпреварите во овие градови.
Кошаркарот на Голден Стејт, Ендру Вигинс веднаш ја одбил вакцинацијата, но се предомислил откако му се заканиле дека ќе остане без 15 милиони долари.
Ирвинг и понатаму се држи до својот став, а поради тоа би останал без плата од 17 милиони долари. Тој не присуствувал на претставувањето на екипата во Barclays Center минатата седмица, а на новинариме им се јавил преку Зум.
Генералниот менаџер на Бруклин Нетс, Шон Маркс истакнал дека е уверен дека Нетс ќе ги имаат на располагање сите играчи во текот на сезоната, што значи дека Ирвинг би можел да го промени своето мислење.
Екипата моментално се наоѓа во Лос Анџелес, а веќе утре се враќа во Бруклин и тогаш работите ќе бидат појасни. Доколку Ирвинг се појави на тренинг, тоа значи дека сепак одлучил да се вакцинира.