НБА издаде протокол за невакцинирани кошаркари: Оддалеченост од два метра за време на тајм-аут, секојдневно тестирање, забрана за излегување

НБА објави „Протокол за здравје и безбедност“ на 65 страници за сезоната 2021/22, вклучувајќи насоки за вакцинирани и невакцинирани играчи.

Правилата за невакцинирани кошаркари вклучуваат секојдневно тестирање за Ковид-19, социјална оддалеченост до два метра на состаноците на тимот, забрана за храна во иста просторија со други играчи, забрана за посета на барови, ресторани, клубови, места за забава или големи собири.

Google search engine

Правилата им даваат многу поголема слобода на вакцинираните играчи. Од нив нема да се бара да подлежат на тестирање, освен ако не биле во близок контакт со лице кое имало позитивен тест на корона вирус. Дури и по близок контакт со болно лице, играчот нема да биде ставен во карантин.

Според последните податоци, повеќе од 90 проценти од НБА играчите се вакцинирани. Сепак, има неколку големи ѕвезди, како Кајри Ирвинг (Бруклин), Бредли Бил (Вашингтон) и Ендрју Вигинс (Голден Стејт) кои јавно се противат на вакцинацијата.