Кошаркарот Малик Бизли кој игра за Минесота Тимбервулвс, повторно се најде среде скандал откако кон крајот на 2020 година ги исфрли од станот својата сопруга и детето поради љубовница.
За потсетување, кошаркарот има само 24 години додека неговата љубовница Ларса Пипен, инаку позната во кошаркарските клубови, е постара од него и има 47 години.

Неговата поранешна сопруга, фотомоделот Монтана Јао, побарала развод, а судијата ѝ доделил привремена алиментација од 6500 долари месечно. Јао барала 15.000 долари, како и дополнителни 20.000 долари за правни трошоци, но нејзиното барање било одбиено.

Но, НБА кошаркарот го оспорува татковството на својот син и барал од судот проверка на ДНК.
Според судските документи, Бизли веќе направил тест за да дознае дали тој е биолошкиот татко на малиот Макаи. Резултатите од тестот се уште не ѝ се познати на јавноста, а неговиот адвокат изјавил дека кошаркарот ќе ја плаќа доделената алиментација само ако се докаже дека тој е татко на детето.