Навивачко-мафијашкиот клан на Веља Невоља обучувал снајперисти ВИДЕО

Мафијашкиот клан на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, кој бил инсталиран како дел од навивачката група на Партизан, пчодготвувал атентати на важни српски личности. Емисијата „Хит Твит“ ексклузивно прикажа снимки од поранешен член на падобранска единица и чувар на затвор како обучува членови на групата на Вељко Беливук да пукаат со снајпер.

Ова е втор снајпер откриен од полицијата додека првиот бил откриен на стадионот на Партизан, и тоа само благодарение на пофалба во телефонски разговор на еден од криминалците.

Google search engine

„На стадионот снајперот беше посебно скриен, државата немаше да го открие ако не беше грешката на еден од криминалците“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Хит Твит“ на српската телевизија Пинк.