Навивачите на Лестер и Наполи се тепаа на стадионот и улиците

Фудбалерите на Лестер и Наполи одиграа 2:2, во рамките на првото коло, во Лига Европа. Дуелот го обележаа тепачките на навивачките групи, пред и во текот на натпреварот.

И покрај забраната за гостинските навивачи, поради епидемиолошките мерки, навивачи на Наполи успеале да влезат на „Кинг Пауер“ стадионот.

Google search engine

Според англиските медиуми, инцидентите започнале кога домашните навивачи започнале да фрлаат пластични шишиња во делот каде што биле навивачите на Наполи.

УЕФА ги нотира инцидентите.