Навики поради кои Скандинавците се една од најздравите нации

По долгите прошетки на студено време најмногу и најчесто веднаш потоа сакаме да се згрееме. Скандинавците обожуваат сауни, а ги користат многу често, па доколку некој ве повика во сауна тоа е знак дека кон вас има почит.

Во последниве неколку години многу се зборува за скандинавскиот начин на живот, па може да се каже дека концептот „hygge“ и тоа како е присутен кај нас. Исто така овие народи и тоа како сакаат да водат здрав начин на живот, животниот век им е долг и квалитетот на животот исклучително добар, а заслуга за тоа имаат некои од следните навики.

Google search engine

Скијање наместо теретана

Иако поголемиот дел од Норвежаните живеат во градови, уживањето во природа им е на највисокото место на листата на приоритети. Тие веруваат дека времето поминато во природа е исклучително важно, за што дури имаат и нивни посебен збор „friluftsliv“. Но, важно е да се каже дека физичката активност за нив не значи согорување калории, туку барање задоволство во тоа што го прават. Затоа, поголемиот дел од Норвежаните наместо теретана бираат скијање, лизгање на мраз, шетање по шума, пливање и слични активности.

Путерот им е подраг од маслото за јадење

Скандинавците многу повеќе „му веруваат“ на путерот отколку на маслото за јадење, па така тие секогаш парче путер додаваат во разновидната храна која ја консумираат – супа, месо, зеленчук.

„Не постои лошо време, само неприкладна облека

Норвежаните се водат според ова правило, па поради тоа немојте да се изненадите доколку некој Норвежанин среде зима видите како вози велосипед. Ниските температури ја забрзуваат работата на метаболизмот, го поправаат квалитетот на сонот и го регулираат апетитот.

Слатки работи за деца – само во сабота

Во шведските градинки при припремата на оброкот не користат нималку шеќер. Покрај тоа децата воопшто не јадат слатки работи пред да наполнат две или три години. Но, дури и возрасните слатките работи ги јадат само во сабота или пак за време на празниците.

Сауна

По долгите прошетки по студено време секој сака да се згрее. Скандинавците обожуваат сауна, па поради тоа ги користат многу често.

Исхрана

Поголемиот дел од Скандинавците преферираат да јадат дома, а поради урамнотежената исхрана и активниот начин на живот тие изгледаат многу добро и здрави се. Црвеното месо ретко го менуваат, но исто така јадат многу риба, особено оние „сините“.