Истражувањето во престижното научно списание „Science Advances“ покажа дека кучињата кои живеат во близина на Чернобил се генетски поразлични од останатите кучиња и го открило големиот потенцијал кој го има проучувањето на оваа посебна група животни.
Истражувачите собрале примероци од крвта на 302 кучиња кои живеат во различни локации во близина на местото на нуклеарната катастрофа д 1986-та година и биле изненадени од резултатите од генетската анализа, пренесува „New York Times“.
Околу половина од истражените кучиња живееле во непосредна близина на нуклеарната електрана, додека другата половина живеела во градот Чернобил, оддалечен на околу 14,5 километри од електраната.

„Многу ме изненади што овие де популации на кучиња речиси сосема се разликуваат“, рекол биологот Тимоти Мусо, еден од авторите на истражувањето.
Двете групи на кучиња во себе имале делови на ДНК типични за германски овчари и некои други видови на овчари, а научниците велат дека тоа е многу важно за понатамошното истражување.

Споредбата на генетските секвенци на кучињата од близина на електраната, кучињата и Чернобил и чистокрвните овчари кои живеат во средините кои не се радиоактивни би можела да им помогне на научниците да ги сфатат промените во геномот кои ги предизвикува радијацијата.
„Ова е единствена популација на животни и единствена можност“, рекол Мусо.

Научниот проект е последица на соработка на истражувачи од САД, Полска и Украина како и американската невладина организација Фонд за чиста иднина.