Научниците оживеаја „зомби вирус“ стар 48.500 години: На Земјата се случува нешто што му се заканува на целото човештво

Се повисоките температури на Арктикот го топат пермафростот, постојано замрзнатата површина во регионот, при што може да се ослободат вируси кои, откако мирувале десетици илјади години, би можеле да го загрозат здравјето на животните и луѓето.

„Многу работи се случуваат со пермафростот, што е загрижувачко, а тоа навистина покажува зошто е важно да се сочува“, рекла Кимберли Минер од Институтот „Jet Propulsion Laboratory“ на НАСА.

Google search engine

Пермафростот прекрива петина од северната хемисфера. Служи како своевидна временска капсула, чувајќи (освен древни вируси) мумифицирани остатоци од бројни изумрени животни кои научниците успеале да ги ископаат и проучат последните години. Овој вечен мраз е добар за чување не само затоа што е студен, туку и затоа што станува збор за окружување без кислород низ кое ни минува светлина.

Сега, поради глобалното затоплување, температурите на Арктикот растат до четири пати побрзо од остатокот на светот, топејќи го горниот слој на пермафростот. За подобро да се сфати кои ризици ги претставуваат овие замрзнати вируси, микробиологот Жан Мишел Клавери од Универзитетот „Aix-Marseille“ во Франција тестирал примероци од земјиштето од сибирскиот пермафрост за да види дали има таму вируси и дали се сè уште заразни.

Влегол во потрага по „зомби-вируси“, како што тој ги нарекува – и успеал да ги пронајде. Имено, Клавери проучува одреден вид на вирус кој прв пат го открил во 2003-та година. Станува збор за џиновски вируси кои се многу поголеми од оние вообичаените и може да се гледаат и проучуваат со обичен светлосен микроскоп, односно за нив не е потребен помоќен електронски микроскоп.

Тој во 2014-та година успеал да го оживее вирусот кој тој и неговиот тим го изолирале од пермафростот. Го ставиле во култивирани клетки и го направиле заразен прв пат во 30.000 години. Клавери поради безбедност одлучил да го проучува вирусот кој напаѓа само едноклеточни амеби, а не животни или луѓе.

Подвигот го повторил во 2015-та година, изолирајќи друг вид на вирус кој исто така таргетира амеби. А во најновото истражување изолирал неколку соеви на древен вирус од повеќе примероци од пермафростот, земени од седум различни места од Сибир, и утврдил дека секој од нив може да ги зарази клетките на амебата.

Најстариот сој има речиси 48.500 години, а Клавери и неговите колеги го пронашле во примерок од земјиште од подземно езеро кое се наоѓа на шест метри под површината. Најмладите примероци, пронајдени во желудочна содржина од остатоци на влакнест мамут, биле стари 27.000 години.