Научниците ја решија дилемата дали личноста со висок крвен притисок може да пие кафе

Експертите од Германската фондација за срце велат дека можете безбедно да пиете неколку шолји дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензија, пренесува Хина.

Кафето може накратко да го подигне крвниот притисок бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и го забрзува срцето, но тоа најчесто се случува доколку не сте навикнати на кофеин. Зголемувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе.

Google search engine

Овој ефект веќе се постигнува по редовното пиење кафе за една до две недели, според публикацијата на Германската фондација за срце.

Горенаведеното важи и за зелениот и црниот чај, имајќи предвид дека во овие случаи станува збор за стимуланси.

Сепак, треба да се обидете да се ограничите на не повеќе од 400 милиграми кофеин дневно ако размислувате за здравјето на срцето, вели Германската фондација за срце.

Тоа е повеќе отколку што пијат повеќето луѓе – околу четири до пет шолји филтер кафе на ден. Ако планирате да го измерите крвниот притисок, направете го тоа пред да го испиете кафето или околу 30 минути потоа, за да бидете сигурни дека тоа нема да влијае на мерењето.

Во меѓувреме, обидете се да ги избегнувате апчињата со кофеин, советува Германската фондација за срце, бидејќи тие можат негативно да влијаат на крвниот притисок.

ПретходнаКои земји во Европа се најтешко погодени од растот на цените
СледнаОВАА СРПСКА АКТЕРКА СТАНА ПОЗНАТА ВО ФИЛМОВИ ЗА ВОЗРАСНИ: Ја знаете од Жикина династија, а глумеше и во „Еротска страст“