Научна студија: Една крвна група штити од ковид, друга од смртност, трета е проблематична

Крвната група 0 има најмала веројатност дека ќе се зарази, крвната група А има најголема заштита од смртност и тешки форми на корона, АБ е најзагрозена.

Иако најголеми фактори на ризик за инфекција со Ковид-19 и развој на потешки симптоми се возраста и некои основни болести како што се малигни заболувања, дијабетес или висок крвен притисок, научниците откриле дека оние со нулта крвна група имаат малку помала веројатност да бидат заразени од другите крвни групи.

Студијата објавена во „Annals of Internal Medicine“, експертите анализирале податоци од 225.556 канаѓани со просечна возраст од 54 години, за да видат дали крвната група или резус факторот влијаат на веројатноста за инфекција со коронавирус или развој на посериозни симптоми.

Откриле дека крвната група 0 и негативниот Rh фактор се поврзани со малку помал ризик од инфекција со САРС-КоВ-2 и тешка форма на болеста.

Нулта крвната група имала 2,1 процент шанси да се зарази со САРС-КоВ-2, што е најмала неприлагодена веројатност од сите крвни групи. За споредба, најголемата неприлагодена веројатност за инфекција со САРС-КоВ-2 била во крвната група Б и била 4,2 проценти.

Тоа би значело дека оние со крвна група 0 имаат 12 проценти помали шанси да се заразат со Ковид-19 отколку оние со А, АБ или Б, според Ројтерс, и 13% помал ризик од смрт.

Други студии, исто така, покажале поврзаност помеѓу нашата генетика или крвна група и веројатноста за инфекција со Ковид-19. Студијата објавена во јуни на серверот medRxiv, која ги анализирала податоците за пациентите во Шпанија и Италија, открила дека оние со крвна група А имаат 50% поголем ризик од развој на сериозни симптоми, како што се потреба за кислород или респиратор.

Дополнително, студија во ноември 2020 година објавена во списанието Nature, исто така, покажа дека крвната група влијае на ризикот од инфекција со Ковид-19. Истражувачите анализирале податоци од 14.112 пациенти од Њујорк и откриле дека оние кои немале крвна група 0 имале малку поголема веројатност да бидат заразени со Ковид-19.

Од друга страна, тие открија дека оние со крвна група А имаат помал ризик од интубација или смрт во споредба со крвната група 0, при што групата АБ има најголем ризик од посериозна форма на болест и смрт. Што се однесува до групата Б, луѓето со таа крвна група имале поголем ризик од интубација во споредба со оние со крвна група 0, но помал ризик од смрт.

Така, може да се види дека податоците за опасностите од групата А се разликуваат помеѓу студија спроведена во Европа и една во САД; едниот наведува дека групата А има најголем ризик да заврши со кислород или дишење по инфекција со коронавирус, а другиот вели дека ова се однесува на АБ. Но, и двете откриле дека групата 0 има најмал ризик од инфекција со Ковид-19 во споредба со другите крвни групи.