Научна фантастика или реалност: Отворање на хотел во вселената до 2030-та година?

Компанијата за изградба во вселената “The Gateway Foundation” споделила кратко видео за визијата како ќе изгледа нивниот хотел.

Хотел во вселената звучи како нешто од научно-фантастичен филм, но една компанија сака таа идеја да ја претвори во реалност до 2030-та година.

Google search engine

Компанијата за изградба во вселената “The Gateway Foundation” споделила кратко видео за визијата како хотелот ќе изгледа.

Планирани се луксузни спални соби со поглед на Земјата, ресторани, теретани, па дури и простор во кој гостите ќе можат да уживаат во концерти.

Би можело да се каже дека изградбата на хотелот кој засега го носи името “Voyager Station”, е идеја надвор од овој свет.

 

Ќе содржи голема дневна соба со раскошен простор за уживање и несекојдневен поглед на вселената и Земјата, како и ресторан во кој ќе се служат гурмански специјалитети.

Хотелските соби ќе имаат брачни кревети, бањи и што е најважно – прозорци.

Уште не е познато колку би можел да чини престој во овој хотел, но дефинитивно нема да биде евтино.