Натпреварувач за време на перформансот му ја запалил главата на Сајмон Кауел – публиката испаничено врескала

Британскиот „The Mirror“ пренесува дека на снимањето на емисијата за шоуто „Britain’s Got Talent“, маскиран натпреварувач за време на перформансот му ја запалил главата на членот од жирито, Сајмон Кауел.

Главниот судија и поранешен шеф на X Factor, Сајмон Кауел, се качил на сцената со мистериозниот, маскиран волшебник, кој му рекол да седне на столчето и му ставил капа.

Google search engine

Потоа истурил течност за запалка во капата, а потоа му ја затворил главата во кутија што била отворена напред, за публиката да може да види внатре. Магионичарот потоа вметнал кибрит во кутијата и целата глава му се запалила.

Гледач за Мирор изјавил: „Публиката врескаше, судиите скокнаа од своите места, сите беа целосно запрепастени. Пламенот беше изгаснат, а Сајмон стана и изгледаше малку шокирано, додека другите судии здивнаа кога се врати во своето место“.

„Можев да почувствувам како ја истура течноста, но немав поим каква“, рекол подоцна Кауел.

Алеша Диксон додала: „Сајмон, ти се запали цела глава“.

„Беше многу страшно, ти си многу храбар човек што го направи тоа. Тоа ме натера да сфатам колку ни е грижа за тебе, бев подготвена да дојдам горе и да те спасам“, додава таа.

Аманда Холден рекла: „Беше исклучително забавно, но ужасно за гледање. Беше страшно“.

Новиот член на жирито, Бруно Тониоли рекол: „Ме потсети на сцена од филмот ‘Saw’ кога ја видов главата на Сајмон во таа направа. Бев шокиран, никогаш не сум видел нешто слично“.

Моментално во Лондон во тек е снимањето на аудициските емисии за новата сезона на „ITV show“, која ќе биде емитувана кон крајот на годината.