Натпреварот Македонија – Словенија на 1 јуни ќе се игра со публика – Владата направи исклучок

Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.

Ова значи дека подготвителниот натпревар на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.

Google search engine

За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада.