Насред пренос во живо на рускиот политичар му паднале панталоните

Рускиот политичар Владимир Жириновски имал пех за време на ТВ дебата во пресрет на парламентарните избори во Русија.

Жириновскимногу емотивно зборувал за иднината на земјата, за тоа како треба да се однесува модерен политичар, а потоа се осврнал и на власта.

Google search engine

“Сите гувернери се комунисти”, рекол налутен за време на расправата.

 

Во текот на директниот пренос, славниот политичар останал без панталони. Причината не е позната – или ја намалил тежината или каишто не бил добро закопчан, но Жириновски успеал навреме да ги задржи и продолжи како ништо да не се случило.

Либерално демократската партија го искоментирала овој инцидент. Според нив, снимателите го искористиле овој кадар како црн ПР, но сметаат дека авторитетот на Жириниовски е многу силен и дека тоа нема да влијае врз неговата кампања.