Насилно однесување, борба со депресија и морничава смрт: За трагичната судбина на актерката не престанува да се зборува

Американската актерка Наја Ривера го освоила светот уште како девојче, првпат на малите екрани се појавила кога имала само 4 години. Она што ја интригирало публиката не се нејзините улоги, туку приватниот живот, кој бил многу турбулентен.

Летото 2020-та година, нејзиниот живот одеднаш згасна кога настрадала додека со својот син го обиколувала заливот со чамец. Имала само 33 години.

Голема популарност стекнала со улогата во серијата „Glee“. За оваа улога освоила многу награди, вклучувајќи ги SAG и ALMA, како и две Gremmy награди и номинација за престижната награда Брит.

Две години по појавувањето во серијата потпишала и дискографски договор со куќата „Columbia Records“, но не стигнала да го објави студискиот албум како што планирала. Со песната „Sorry“ во 2013-та година завршила на неколку релевантни топ-листи, а со својот глас ја маѓепсала публиката.

Бурни тинејџерски денови

Во мемоарите кои ги објавила во 2016-та година признала дека за време на тинејџерските денови се борела со анорексија, но и со нагли промени во расположението и депресија. Уште еден тежок период следел после спонтаниот абортус од кој тешко закрепнала.

„Бев навистина како изгубено дете“, го опишала таа периодот на растење и тинејџерските денови.

Додека ја снимала серијата „Glee“, била во врска со колегата Марк Селинг, која ѝ донела само неволји. Имено, Марк има дебело криминално досие. Оваа турбулентна врска ѝ донела само непријатности на актерката, па набрзо ја завршила.

После оваа врска, накратко среќата ја пронашла покрај Биг Син, меѓутоа, ниту оваа врска не опстанала, а Наја за раскинувањето дознала од медиумите. Како што зборувала, тој објавил на интернет дека повеќе не е со неа, а претходно не ѝ споменал за раскинувањето.

Проблем со насилно однесување

За некогашниот сопруг Рајан Дорси се венчала во 2014-та година и се развела после 4 години поради своите проблеми со насилното однесување за кое била обвинета.

Имено, таа за време на семејна прошетка го удирала сопругот по главата и телото. Кога после апсењето сведочела на суд, актерката на прашањето дали ја признава вината, одговорила: „Да, чесен суде“.

Морничава судбина и прерана смрт

Наја Ривера исчезна на 8-ми јули, 2020-та година додека на езерото Пиру била на излет со својот 4-годишн син Џози. Детето го пронашле на брод како спие, а на себе имало појас за спасување, додека од актерката немало ни трага, ни глас. Пронајдена е после 5 денови потрага и вестите биле ужасни. Актерката се удавила, а како што било кажано подоцна, таа не умеела да плива.

Скандали и по смртта

После смртта на актерката, светот го обиколи веста дека нејзината сестра, Никајла Ривера се вселила во домот на поранешниот сопруг на Наја. Според Рајан, Никајла била таму само за да му помогне околу синот, бидејќи тој тоа го побарал од неа и додал дека нема време за злобни коментари и дека не го интересира како сето тоа им изгледа на другите.