Ги откриваме сите детали за шверцот на наркотици од Колумбија и Еквадор во Европа што се случил во изминатите три години за кој се сомничи хрватскиот огранок на криминалната група на чело со Дарко Шариќ, велат од обвинителството.
Криминалната група, уапсена во меѓународна акција во која лисици им беа се ставени на Дарко Шариќ, неговиот адвокат Дејан Лазаревиќ и уште четворица осомничени, беше обвинета за шверц на најмалку еден тон кокаин од Јужна Америка во Европа!
Српското обвинителство соопшти дека членови на групата биле Петар Ќосиќ, познат како Сарач, и Мануел Вулиќ, кои биле уапсени во Загреб. Во наредбата за истрагата на хрватското обвинителство се наведува дека Ќосиќ и Вулиќ биле главните организатори на групата што шверцувала дрога во прекуокеански бродови, во контејнери со банани и детално опишале како ја натоварувале во бродови во Колумбија и ја претоварувале од контејнери со банани кои пристигале во хрватските пристаништа.
Ќосиќ бил задолжен да го смисли целиот план за шверц и да дава инструкции преку покојниот Милан Миловац, кој бил во Еквадор и купувал дрога од добавувачите. Ангажирале соработници кои ја натоварувале на бродови кои оделе во Хрватска, ангажирале работници од пристаништето Плоче да им помогнат, ја претоварувале и потоа ја продавале истата – стои во документите.
Откриено е и дека дрогата ја купувале во Колумбија по цена од 4.700 долари за килограм, а кога ја пренеле во Европа ја продавале од 28.000 до 29.000 евра за килограм. Како што се наведува, Ќосиќ управувал со шверцот на кокаин од Хрватска, додека Миловац, кој беше убиен во декември 2020 година во Еквадор, и Мануел Вулиќ во Колумбија и Еквадор, ги извршувале активностите на групата поврзани со набавката и товарењето на наркотици.
Истражувачите откриле и дека речиси една од првите откриени испораки не успеала
Во текот на 2019 година, Ќосиќ се договорил со Миловац и неколку неидентификувани лица преку Скај да достави еден тон дрога од Колумбија на територијата на Еквадор, каде во пристаништето Гвајакил Миловац ангажирал луѓе за да го стават кокаинот во контејнер, во првата транша од 500 килограми, кој потоа отпловил до Антверпен. Во тој град ангажирале неидентификувани лица да го истоварат, но не успеале, па контејнерот повторно бил натоварен на бродот „Јоана“, кој го превезол во Хамбург, каде повторно ангажирале најмалку две лица да го извадат од контејнер. Успеале така што насилно запреле камион кој превезувал кокаин од пристаништето Хамбург, за што добиле награда од 30 отсто од транспортираната количина, односно 150 килограми дрога, додека останатите 350 килограми кокаин биле продадени на непознати лица по налог на Ќосиќ, се вели во соопштението на хрватското обвинителство.
Контејнери со банани
Следната испорака на кокаин се случи кон крајот на декември до почетокот на март 2020 година.
Акцијата ја водеше Мануел Вулиќ, кој беше во Колумбија, каде беа ставени 40 килограми дрога во банани, кои со брод го напуштија Еквадор и пристигнаа во пристаништето Плоче во февруари 2020 година, на бродот „Пацифик Далиан“, на кој биле претоварени во Грција – стои во документите и се открива дека дрогата, благодарение на работниците на пристаништето Плоче во Хрватска кои се согласиле да бидат дел од оваа група, била претоварена и продадена за 1.092.000 евра.
Следниот товар ја напушти Колумбија во март 2020 година. Во бананите на бродот „Лица маерск“ биле натоварени 40 килограми кокаин, кој пристигнал во Плоче и бил продаден за половина милион евра. Веќе во јануари 2021 година на брод од Колумбија биле натоварени уште 45 килограми кокаин на бродот „Мичиген“ кој во јануари минатата година пристигнал во пристаништето Плоче, а потоа кокаинот бил продаден на непознат купувач. Инаку, Дарко Шариќ не се споменува во документите на хрватското обвинителство, но хрватските медиуми шпекулираат дека тој користел еден од откриените броеви на Скај додека бил во притвор.