Нападнати четири лица во Аеродром поради сообраќајка

Физички напад врз четири лица се случил вчера рано изутрина во скопската општина Аеродом по претходното недоразбирање околу сообраќајна незгода.

– На 24.01.2021 во 04.30 часот во СВР Скопје, Х.Л.(28) од Скопје пријавил дека на 23.01.2021 околу 21.30 часот на паркинг просторот на бул.„АСНОМ“ додека бил заедно со М.К., А.Б. и Д.Г. со патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К. поради претходно недоразбирање околу случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице и паркирано возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б., биле физички нападнати од неколку лица со тврди предмети, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.