Напад врз седиштето на австриската народна партија во Виена

Со најавата за воведување задолжителна вакцинација во Австрија, раздорот во општеството порасна. Сега цел станаа и просториите на владејачките партии.

Антиваксерите се повеќе ги радикализираат своите акции, бидејќи предлогот за задолжителна вакцинација помина во парламентот.

Google search engine

Откако на продавниците кои не дозволуваат невакцинирани луѓе да влезат во нив бил залепен плакат наречен „Вакцински фашисти“, во градот Швехат, во близина на Виена, со петарди бил скршен прозорецот на седиштето на Австриската народна партија (ОВП).

Според полицијата, непознати лица во текот на ноќта фрлиле пиротехничко средство, при што го скршиле излогот и направиле голема материјална штета.

Службата за заштита на уставот и борба против тероризмот била информирана и започнала истрага.

- АУДИО РЕКЛАМА -