Намирници кои сериозно треба да ги избегнувате

Сигурно нема да се разболите, да добиете рак или да умрете ако некогаш издете некој вид на „токсична“ храна, но постојат намирници кои со сигурност би требало да ги избегнувате.

Нека Либа, директорката на истражувачкиот центар на организацијата „Environmental Working Group (EWG)“, која се занимава со собирање на информации и резултати на студии за токсичните намирници и производи, истакнува дека најголемиот непријател на нашето здравје е преработената храна со многу адитиви. Еве кои се намирниците кои никогаш не треба да ги јадете:

Google search engine

Кашкавал во листови

„Овој кашкавал всушност и не е кашкавал“. Станува збор за смеса направена од мешавина на млечни маснотии, протеини, емулгатори и боја за храна. Полн е со сол и толку масен што во едно парче имате повеќе маснотии отколку во било кој друг млечен производ од истата количина”, вели нутриционистката Бет Ворен.

Виршли, колбаси, салами…

Преработеното месо е полно со маснотии, а може да содржи и до 400% повеќе сол и 50% повеќе конзерванси од обичното црвено месо. Освен тоа, некои од месните преработки содржат повеќе нитрати, а нитратите се хемиски адитиви кои се поврзуваат со разните видови на рак. Сепак, и понатаму се користат во прехрамбената индустрија за да се засили бојата, вкусот и за да се спречи брзото расипување на храната. Овие состојки би требало да се наоѓаат на етикетата на пакувањето на храната, па затоа секако обрнете внимание.

Маргарин

Бидејќи маргаринот е направен од растителни масла и има помалку заситени масти од путерот, многу време се сметаше за здрава опција. Денес, експертите велат дека знаат дека всушност маргаринот е најголем непријател на нашето здравје, бидејќи е преполн со соли и ги запушува артериите со заситените масти кои ги има повеќе од путерот, со што ги зголемува шансите од срцев удар.

Газирани пијалоци

Сите знаеме дека газираните пијалоци се исклучително нездрави, а просечната лименка од било кој газиран пијалок содржи дури 10 супени лажици шеќер. Кога во својот организам ќе внесете толку шеќер, вашето тело создава вишок на инсулин, кој му помага на организмот да го апсорбира шеќерот од крвта и да го искористи за енергија, што со време го зголемува ризикот од развивање на дијабетес или некои видови на рак.

Доколку податокот за количината на шеќер не ви доволно загрижувачки, тогаш можеби ова ќе ве загрижи: количината на карамел бојата, која на пример на Coca-Cola и ја дава специфичната боја, за дури 58% го зголемува ризикот од рак, според најновата американска студија.

Диетални газирани пијалоци

Иако мислите дека тие се добри затоа што не содржат шеќер, секој диетален газиран пијалок без шеќер содржи многу вештачки засладувачи, кои го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар, депресија, расипани заби, рак на панкреас и предвремено породување.

Пуканки од микробранова

Во пуканките за во микробранова се наоѓаат хемикалии кои е докажано дека можат да влијаат на плодноста, да го зголемат ризикот од рак и лошо да влијаат на работата на бубрезите. Покрај тоа, некои видови на пуканки за во микробранова содржат вештачки вкусови и транс масни киселини, како и хемикалии кои можат да предизвикаат главоболки и мачнини.

ПретходнаНа Америка и се заканува катастрофа: Во долгови се до гуша, Бајден е принуден да направи очаен потег
СледнаЈоца Амстердам на слобода. Кралот на српското подземје го напушти затворот за прв пат по 12 години