Намирници кои се главни виновници за слабиот имунитет

Можете да се трудите редовно да пиете витамински суплементи, но ништо не може да го влоши или подобри вашиот имунитет како што може храната. Особено во сезоната на грипови потребно е посебно да обрнете внимание на тоа што го јадете, бидејќи одредени намирници дефинитивно се најголемите виновници за проблемите со имунитетот. Погледнете кои намирници се исклучително лоши за имунитетот.

Шеќер

Шеќерот веќе долго време се смета за исклучително нездрава намирница поради тоа што содржи нула нутриенти, а им штети на забите и на мозокот. Исто така, високото ниво на шеќер во крвта ја намалува способноста на организмот да се бори со бактериите и вирустите. Според едно истражување, еден Американец внесува околу 20 лажици шеќер дневно. Лекарите препорачуваат во текот на сезоната на грипови да се избегнуваат слатките, газираните и негазираните сокови, грицките, чоколадите итн. Наместо тоа, трудете се да јадете што повеќе интегрален ориз, леќа и леблебија, бидејќи тие го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и го одржуваат имунитетот на стабилно ниво.

Пченкарни снегулки и бел леб

Експертите велат дека една просечна личност буквално „се дави во шеќер“, особено поради претераниот внес на јаглехидрати. Преработените житарки брзо се претвораат во глукоза за време на варењето и заминуваат како шеќер директно во крвта. Ако не можете да се откажете од тостот наутро или од омилените мусли, направете сами леб или мусли од житарки од цело зрно, банани и цимет.

Масна и пржена храна

Намирниците богати со масти негативно влијаат на имунитетот, а дебелината и ваквиот начин на исхрана може долгорочно да ја намали способноста на организмот да се бори со инфекции, но и со одредени типови на рак. Експертите советуваат да почнете така што животинското месо ќе го замените со леќа, грав или зеленчук богат со протеини.

Алкохол

Иако лекарите препорачуваат една чаша црно вино неделно, се што е повеќе од тоа може да го ослаби вашиот имунитет и да го ослаби телото во борбата со инфекциите. Честото консумирање на алкохол може да доведе до оштетување на имунитетот и зголемување на слабоста на организмот на одредени болести. Експертите тврдат дека се што е повеќе од три чаши алкохол неделно може сериозно да го оштети имунитот.