Сте имале можност да слушнете дека инстант кашите не се здрави и не се добри за организмот, но дали знаете дека постои каша која бројни доктори ја препорачуваат?
Доколку сакате утрото да ви започне со внесување на здрави намирници, тогаш во исхраната воведете си каша од хелда.
Лекување на вируси и заразни болести

Кашата од хелда докторите одамна почнале да им ја препорачуваат на пациентите кои патат од настинка. Тоа се случува поради позитивното влијание на рутинот. Рутинот ги обновува ѕидовите на крвните садови, па моќта на хелдата одамна е позната во медицината.
Ја подобрува состојбата на крвните садови
Рутинот е толку добар во јакнењето на крвните садови што фармацевтската индустрија го користи при правење лекови. Хелдата посебно е корисна за луѓето кои патат од дијабетес. Кашата од хелда помага при хемороиди, проширени црева, срцеви и венски патологии.
Лекува анемија како недостаток на железо
Кога имате недостаток на хемоглобин, вашите клетки гладуваат. Хелдата е богата со железо и поради тоа им се препорачува на луѓето кои патат од анемија. Кај потешките случаи задолжително е консумирање на лекови кои ги препишале докторите, но исхраната богата со железо вклучува и хелда.

Помага во губење на килограмите
Одамна е познато дека хелдата се користи како главен производ за слабеење кај строгите диети. Хелдата е исклучително нискокалорична и здрава намирница. Доколку сте на диета, кашата од хелда е нешто што треба да го појадувате секој ден.
Совршена исхрана за трудници
Хелдата има високо ниво на фолна киселина, што особено е неопходно за здравјето на идните мајки и бебиња затоа што поттикнува создавање крв и телото го прави поотпорно на штетните влијание од опкружувањето.
Рецепт за каша:
– вода;
– сол;
– брашно од хелда.
Подготовка
Ставете ја солената вода на рингла да проврие. Кога ќе почне да врие додадете го брашното. Матете додека не добиете смеса, а во ваквата каша може да си додадете сирење, кајмак, јогурт, останати семки (ореви, семки од тиква, сончоглед) или може да си направите слатка каша со мед, суво-грозје или овошје.