Наместо повисоки плати, работниците ќе треба да даваат од џеб?!

По поминати шест месеци, седница одржа Економско социјалниот совет кој го сочинуваат власта, синдикатот и работодавачите. Работниците и стопанствениците на состанокот влегоа со големи очекувања, но според информациите на Денар, тие излегоа буквално со празни раце. Нема нови мерки за работниците, за осигурување на работните места, а на компаниите им е понудено да аплицираат за поволни кредити и олеснети услови за монтирање на фотоволтаици. Во јавниот сектор пак се подготвува кастрење на платите. Властите велат мора да се штеди!

Синдикатите се крајно разочарани од односот на власта. За вработените во приватниот сектор нема никави мерки за спас на работниме места. Се што беше побарано од ресорното министерство за труд и социјална политика е ставено на одобрување од страна на Владата. Од Сојузот на синдикати за Денар велат дека доколку надлежните сериозно не си ја сватат работата, власта дирекно ќе биде виновна за илјадниците работници кои ќе останат на улица.

Google search engine

„Ние побараме субвенционирање на работниците со ниски плати, и тогаш седницата на Економско социјалниот совет се прекина, односно ја прекина министерката за труд и социјална политика, бидејќи прашавме зошто согласно Законот за минимална плата и членот осум не се усогласени и останатите плати за 18,4 отсто, но тука настана еден општ хаос во кој и власта и работодавачите не убедуваа дека тој член не е применлив во општите одредби на законот. Законот вели, со пораст на минималната плата треба да се усогласат и другите плати во рок од шест месеци, а тоа засега не е така“, велат од ССМ.

Незадоволни од состанокот излегоа и од Организацијата на работодавачи од каде што велат дека наместо мерки за опстанок добиле понуда за поволни кредити со кои би ќе треба да ја зачуваат ликвидноста на фирмите. Работодавачите се сомневаат во стручноста на поединците кои ги изготвуваат мерките за оваа енергетска криза и додаваат дека ваквиот однос на власта ќе резултира со огромен број ликвидирани компании во периодот што следи. Наместо суштински мерки добиле ветување дека ќе им биде овозможено монтирање на фотоволтаици по олесната опроцедура.

„Голем број од компаниите сега размислуваат како ќе го продолжат своето функционирање, што дирекно и индирекно ги засега и работниците, бидејќи доколку дел од нив останат без работа, на почетокот на принуден одмор, а потоа и технолошки вишок со тоа, и тоа како ситуацијава ги засега и работодавачите и работниците. Сметаме дека е многу тешко за македонските фирми, во ситуација кога компаниите од регионт добиваат помош од нивните држави во вид на субвениција за сметките за електрична енергија, нашите компании се апсолутно неконкурентни.“

И кога сите помислија дека состанокот тука завршува и ќе се чека нова шанса, синдикалците кои се претставници на вработените во јавниот сектор на писмено добиле известување за намалување на платите и ревидирање на колективните договори на вработените под државна капа. А во планот на владата стои и дека добар дел од вработените да работат од дома. Според информациите на УПОЗ сите вработени кои ќе се упатат да работата од дома, ќе добијат помала плата од 10% до 30%. Тоа според синдикалците, значи дека како награда за работа од дома, ќе имаат повисоки сметки за струја, греење, а ќе имаат пониски плати, а во некои случаи дури и пониска плата од минималната плата. УПОЗ како главен виновник за оваа ситуација го обвинува министерот за финансии.

„Со еден потег, Владата ги укина Синдикатите и Колективното договарање, и ги прекрши Уставот, Законите и Конвенциите на МОТ кои Р.Македонија ги има потпишано. Ќе дочекаме за првпат во историјата на нашата држава, еден Министер да добие поголеми ингеренции од Премиерот и во најголемата финансиска криза да одлучува кој смее, а кој не смее да добие плата. Со ваквите постапки, Владата единствено успеа да го навлече бесот на вработените и да ги обедини Синдикатите, а за последиците и бесот кој ќе произлезе од овие мерки, ние нема да бидеме одговорни”, велат од УПОЗ.

Од Владата веднаш излегоа со реакција на обвинувањата на синдикатите. Од Илинденска број два велат дека во ССМ нешто не разбрале добро, па се обидоа да ја разјаснат работата.

„Целта не е да се кратат платите на работниците, туку тоа е план за фискална одржливост кој што содржи низа мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите кои што го добиваат граѓаните“, велат од Владата.

Синдикатите сега најавуваат и масовни протести против како што велат несериозноста на актуелната власт. Повикани се дури и стопанствениците да им дадат поддршка на улица и да и порачаат на Владата дека работниците се тие кои работат и плаќаат даноци за администрацијата и политичарите да земат плата.

- АУДИО РЕКЛАМА -