Најздравиот витамин на светот: Ги штити крвните садови, спречува таложење холестерол во артериите и создавање тромб…

Витаминот Ф е одличен за крвните садови, спречува таложење на холестерол во артериите и создавање тромб, а освен тоа го јакне имунолошкиот систем.

Овој вреден нутриент најмногу го има во маслото од соја, пченката и сончогледот, но и во оревите, бадемите и авокадото.

Google search engine

Доколку имате проблем со акни, првут, слаби и кршливи нокти, сува коса и кожа ли пак патите од сериозно заболување, како што е артериосклероза и тромбоза, постои голема веројатност дека не внесувате доволно витамин Ф во организмот.

Овој вреден нутриент всушност е составен од три есенцијално полинезаситени масни киселини – линолни, линоленски и арахидонски кои спречуваат таложење на холестеролот во артериите, придонесуваат во здравјето на кожата и косата, го јакнат имунолошкиот систем и помагаат во намалување на мастите, така што ги согоруваат наталожените масти.

Исто така кај луѓето кои патат од шеќерна болест витаминот Ф го забавува настанувањето на оштетување во кардиоваскуларниот систем и спречува развој на болести на очите.

Витаминот Ф се користи и за ублажување на менструалните болки, а се применува и во терапија на стерилитет кој двата пола.

Се препорачува доза од 10 до 20 грама дневно. Витаминот Ф најдобро се апсорбира во организмот во комбинација со витаминот Е.

Недостаток на витамин Ф – симптоми:

– губење на тежина;

– кожата почнува да се лупи и да е сува;

– епидермисот се згуснува;

– има неформирана столица – често течна;

– внесот на течности се зголемува со намалување на зачестеноста на мокрењето.

- АУДИО РЕКЛАМА -