Летувалиштата на албанското крајбрежје се познати по дивите, но и уредените плажи, а тоа што Јонското крајбрежје го прави посебно е неверојатната сина боја на морето.
Летувалиштата на Јонското и Јадранското море во Албанија се чест избор на туристите. И додека некои тврдат дека летувалиштата во таа земја се поубави и од грчките, има и такви кои не се согласуваат со тоа.
Сепак, во Албанија постојат феноменални плажи кои вредат да се посетат.
1. Плажа „Drymades Inn“
View this post on Instagram
Недалеку од летувалиштето Дерми кое исто така е познато по убавата плажа, се наоѓа и ова, кое според многумина е најубаво во целата земја. Плажата е опкружена со карпи и борова шума, а во близина се наоѓаат бројни мирни места кои маѓепсуваат.
2. Плажа „Livadhi“
View this post on Instagram
Пространа плажа недалеку од летувалиштето Химара е чест избор на туристите кои сакаат да летуваат во тој дел од Албанија. Позната по тиркизно сината чиста вода, плажата е одлично организирана. Речиси по целата нејзина должина се распоредени и угостителски објекти.
3. Плажа „Mirror“ (Pasqyra)
View this post on Instagram
Кога од летувалиштето Саранда ќе се тргне кон Ксамил, се наоѓа една убава плажа позната по името „Mirror“. Дури и во текот на сезоната таму нема толку многу туристи, па е многу мирно.
4. Плажа „Borsh“
View this post on Instagram
Песочната плажа долга е околу 7 километри, а се наоѓа во близина на летувалиштето Саранда и важи за најдолга во земјата. Токму поради таа причина на неа ретко може да се најде метеж, па дури и во текот на сезоната. Опкружена е со стебла од маслинки и покриена со ситен песок.
5. Плажа „Lukovë“
View this post on Instagram
Доколку сакате да уживате во убавината на албанското крајбрежје и погледот кон грчкиот остров Крф, тогаш оваа плажа е одлична опција за вас. Покриена е со ситен песок и е карактеристична по феноменалната сина боја на вода.