Најубавата Италијанка позирала гола, па го привлекла вниманието на социјалните мрежи

Популарната италијанска манекенка Бјанка Балти која во март годинава наполни 39 години, неодамна привлекла огромно внимание на Инстаграм, со своите смели фотографии кои ги објавила.

Убавата бринета позирала целосно гола, покажувајќи го своето витко тело, а интимната зона ја скрила со скапа, сребрена, мини-чанта од брендот „Bottega Veneta“.

Google search engine

Бјанка на Инстаграм ја следат речиси 1,5 милиони луѓе, а овие „безобразни“ фотографии добиле многу коментари и допаѓања.

Манекенката во повеќе наврати во текот на својата долга кариера позирала гола, па нема проблем со своите обожаватели да сподели такви фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Balti (@biancabalti)

Често можат да се слушнат коментари дека таа е најфаталната Италијанка, „рамо до рамо“ со Софија Лорен и Моника Белучи, а потврда за тоа добила и во 2015 година кога магазинот „Playboy“ ја прогласил за најсексапилната жена на светот.

Манекенката важи за дама со најсензуално лице во модниот свет, па затоа најчесто е ангажирана од страна на козметичките брендови.

Интересно е што сексапилната 39-годишна жена откриена била „доцна“, веќе кога била во 20-те години од животот и кога студирала графички дизајн, а некој агент ја забележал во супермаркет.

„Со моделингот има толку многу опции да работите. Но, мора да знаете да кажете „не“. Во реалноста можеби би ги прифатиле сите понуди затоа што плаќаат повеќе од нормалната работа. Но, и натаму мора да имате приоритети во животот. Мене на прво место ми се моите девојчиња“, објаснила во една прилика таа.

Инаку, таа од 2014 година е во врска со фитнес тренерот Метју Мекрео, а две години подоцна ги размениле и брачните завети. Парот има и ќеркичка Миа, а заедно ја одгледуваат и првата ќерка на Бјанка – Матилда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Balti (@biancabalti)