Најтажната песна во Југославија која Тито ја забранил поради големиот број самоубиства

Песната која Тито ја забранил поради големиот број самоубиства, го носи насловот „Pluća su mi bolna“ и се смета за една од најтажните песни кои некогаш се напишани на јазик од нашите простори.

Нејзиниот автор е Драгиша Недовиќ, кој ја напишал и познатата стара песна „U lijepom starom Višegradu“, популарната „Stani, stani Ibar vodo“ и многу други.

Реклама

Животот не му бил наклонет и бил на чекор до смртта во 1941 година кога бил изведен пред стрелачки вод во Шумарице, Крагуевац. Во последен момент, како познат текстописец, го тргнале на страна и ја избегнал судбината на многу крагуевчани. Крајот на Втората светска војна го дочекал во германскиот работнички логор во Дормаген.

По враќањето во Крагуевац неколку години по завршување на војната, поточно во 1950 година, Драгиша дознал дека боледува од туберкулоза. Тогаш ја напишал песната „Pluća su mi bolna“ чиј текст гласи:

„Pluća su mi bolna, zdravlja više nemam
Jer su sasvim blizu, moji zadnji dani
Živeću još danas, a možda i sutra
A onda zauvek, zbogom moj živote
Nije meni žao, bednoga života
Jer ja sreće nikad, osetio nisam
Samo bol i patnja, gorke suze lio
U životu svome, srećan nisam bio“.

 

Песната прв ја извел Заим Имамовиќ, но таа многу сугестивно делувала врз слушателите бидејќи во тоа време ширум Југославија бил забележан голем број на самоубиства на лица заболени од туберкулоза.

Се зборува дека тогаш Тито заедно со Централниот комитет одлучиле плочата да се повлече од продажба и да се забрани нејзината изведба, со објаснување дека наведува на самоубиство. Дури 10 години подоцна во една прилика, Јованка Броз (за која некое време се зборувало дека боледува од оваа болест) ја нарачала песната на една прослава, а оттогаш забраната била прекината.

За жал, иако Недовиќ се излекувал од туберкулоза, настапиле проблеми со срцето. Тој починал од последица од срцев удар во 1966 година, на 49-годишна возраст. Зад себе го оставил синот Александар, ќерката Рада и повеќе од 400 песни.

Реклама