Најстара нација во Европа се, а се на работ на колапс: Ситуацијата не е лоша, туку е очајна

Со вкупниот број од 668,951 заразени и 11,305 починати како последица на коронавирусот, Португалија се најде во целосен хаос кога станува збор за пандемијата.

Во последната седмица оваа земја на самиот запад на Европа има најголема стапка на новозаразени и починати во светот на милион жители, а тамошниот премиер Антонио Коста признава дека ситуацијата е страшна.

Google search engine

Проблемот е и во фактот што Португалија е земја во која бројот на граѓани постари од 80 година, после Италија и Грција е на самиот врв во Европската унија.

Португалскиот премиер предупреди дека би можеле да поминат неколку седмици додека работите не почнат да се смируваат со оглед на тоа што од соседните земји може да се очекува само лимитирана помош.

Две третини од капацитетите на интензивна нега се пополнети со пациенти заразени со коронавирусот, а воените болници во Ковид одделенија ги претвораат дури и своите ресторани.

Повеќе од 20 возила на итна помош со пациенти заразени со коронавирус стоеле во ред пред најголемата португалска болница „Санта Марија“ во Лисабон во средата навечер додека чекале да се ослободат кревети, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“. Пред мртовечниците во болницата биле инсталирани уште два нови ладилници со капацитет од 30 тела, соопшти портпаролот на болницата

„Ситуацијата не е лоша, ситуацијата е очајна“, изјави Коста за португалската телевизија „ТВИ“.

„Нема смисол да порекнуваме дека се соочуваме со најлошиот момент. И ќе трае уште неколку седмици, тоа е сигурно“, изјави Коста и напомена дека ситуацијата се влошила затоа што владата ги попуштила рестриктивните мерки во периодот помеѓу Божиќ и Нова година, но и поради новата мутација на коронавирусот која е позаразна.

Од Германија порачаа во средата дека во Португалија испраќаат воени медицински експерти кои ќе проценат како можат да ѝ помогнат на оваа земја. Но, португалскиот премиер предупреди дека европските партнери „можат да направат само толку“, додавајќи дека „треба да бидат внимателни“ околу испраќањето на пациенти во странски земји.

Проблемот во Португалија не е во недостатокот на респиратори, туку поради фактот што болниците не можат да се носат со толку голема навала на пациенти одеднаш.