Најспектакуларното бегство во историјата: Виктор Беленко со авионот кој беше воена тајна слета во Јапонија

Поручникот Виктор Беленко, офицер на советските воздухопловни сили, пилот на борбен авион МИГ-25 на Далечниот Исток, на денешен ден пред 45 години, во 1976 година, побегнал со авион за Јапонија и слетал на аеродромот Хакодате. Јапонците, а преку нив и Американците, ја добија наградата во раце. Авион за кој во тоа време кружеа речиси митски приказни, особено за фактот дека радарот ги убива сите зајаци на километри наоколу кога е вклучен. За Беленко кружеа фантастични приказни, за кои се верува дека тој самиот ги започнал, за КГБ случајно не тропне на неговата врата. Иако беше осуден како предавник, Беленко се појави во Москва во 1995 година со американски пасош и како член на американската деловна делегација.

Google search engine

Историјата на авијацијата за време на студената војна е полна со приказни за бегствата на пилотите кои летаа на спротивната страна со нивните авиони од различни идеолошки верувања, но и од чисто материјални причини. Меѓутоа, се издвои еден настан што се случи во септември 1976 година, кога советскиот поручник Виктор Беленко, со неговиот супесоничен ловец МИГ-25, полета за Јапонија и им овозможи на Американците да добијат увид во ова чудо на Русите. Потоа, тие успеаа да го проучат целото летало се до најмалите детали, што тогаш беше најстрого чувана воена тајна.

Приказната за спектакуларното пребегнување започнува на Далечниот Исток во СССР, каде што на поручникот Беленко му беше доделено место за службување. Џон Даниел Барон во својата книга МИГ пилот (последното бегство на Беленко) изјави дека мотивот на Беленко за пребегнување не бил идеолошки, ниту материјален, ниту за милион долари, како што е наведено во советскиот печат, тој според неговите зборови побегнал поради „длабоко разочарување“.

Имено Барон, според некои историчари зад кои индетитет се криел самиот Беленко, наводно ја кажува очајната состојба на ескадрилата во која што пристигнува како пилот на суперсоничен ловец. Поголемиот дел на екипата, според неговите зборови речиси никогаш и да не биле трезни а сместени биле во бараки без елементарни услови за живот. Младиот Беленко од ден на ден си го поставувал прашањето за понатамошниот негов пат. Од едната страна очајните услови за живот, а од друга страна секојдневното убедување дека тој е дел од елитата на советското друштво, поради што кај него се појавуваа чуства на „полудување“ пишува Барон. Очајно беше и штедењето на горивото кое што било потребно за полетување и слетување на летачкиот објект од типот на МИГ-25, што кај пилотот покажуваше фустрации. Имено со тоа комесарите го оневозможувале бегството на Беленко.

Барон во книгата наведува дека освен летање имале и други друштвени активности како што се сечење на шуми, поставување на нови патишта и слични нелетачки активности. Летачката обука понекогаш била прекинувана поради узбуна на појавување на американски извиднички авион SE-71 познат како црна птица. Поради лошите тренинзи со летачките објекти биле чести несреќите, а на Беленко посебно му останало во сеќавање случајот кога МИГ-25 излетал од пистата и ударил во комбе полно со деца кои се движеле на пат кон аеродромот. Меѓутоа, никој подоцна и никогаш во СССР нема потврдено за несреќи од овој тип и се наведувало дека овие работи биле измислици од страна на Беленко за да го оцрни угледот на Советскиот Сојуз.

Според оваа приказна, очајот и немоќта го погодија фамилијарниот живот на Беленко, бидејки неговата сопруга со синот го напушти и се врати назад во Москва. Исто така според неговите зборови, единствениот спас од очајот и безнадешноста е да избега во Јапонија.

Беленко почнува да го крои планот за бегство. Проценува дека со количината гориво со која се користи за летот на МИГ-25 не е доволна за неговото бегство во Јапонија. Сфаќа дека треба да сочека кога резерварите на авионите ќе бидат полни, а тоа не се случувало често, а потребна му беше и одлична временска (метереолошка) прилика која исто така често знаеше да не биде во корист на пилотите. Освен тоа него го најмногу плашеше што тој не знаел ниту еден збор од англискиот јазик, а посебен страв му создавал фактот дека може да биде соборен од страна на американските или јапонски ловци на авиони кои често патролираат во таа зона. Единствениот контакт кој му преостанува беше визуелниот, со потенцијалните пресретнувачи. Затоа му беше потребно чисто небо за да не добие ракета во неговиот авион.

Прилика за бегство добива во септември 1976 година за време на рутинска вежба. По полетувањето од матичниот аеродром во Владивосток, Беленко со авионот почнува да лета во “бришан лет” за неговите колеги не го пресретнат и соборат. Искористувајќи ја најновата технологија која ја поседува тој за брзо тој се наоѓа на небото над Јапонија. Летот сепак го отежнува лошата метеролошка состојба и облаците што оневозможуваат да пронајде соодветен аеродром за слетување. Во моментите кога ситуацијата со горивото станува критична, му се насмевнува среќата бидејќи го согледува малиот цивилен аеродром Хакодате. За време на слетувањето за влакно се разминува со полн цивилен патнички авион, но сепак успева да слета на пистата и тоа само 30 секунти пред да прекинат моторите со работа. Во резерварите нема останато ниту литар гориво. Бидејќи пистата на аеродромот била кратка за слетување на авиони од типот на МИГ-25, Беленко за време на слетувањето ги согорува кочниците на авионот и ги пука гумите на истиот, авионот застанал точно пред антената на аеродромот.

Со самото излегување од авионот веднаш бара азил од Јапонците кои пристигнале на аеродромот. А во тој момент стапуваат на сцена и дипломати и детективи од тајните служби.

Американците веднаш биле известени за слетувањето на рускиот авион. Ниту самите не можеа да си поверуват дека добиле поклон летало за кои до тогаш слушаа само различни митови и легенди. Елитен борбен ловец авион од каков и што стравуваа Американските воздухопловни сили и НАТО членките падна во рацете на Америка. Започнува моментална операција за детално истражување на способностите и карактеристиките на рускиот МИГ-25. Авионот е експресно префрлен во воената база во Wright-Patterson во Дејтон, Охајо. Испитувањата според американските извори, укажуваат на фактот дека авионот бил преценет. Испитувањата кажуваат дека на местата каде што се очекувало титанијум во конструкцијата на леталото користеле челик. Целиот летачки објект бил доработуван а радарот имал снага од 500 kW. Американците потврдиле дека леталото има речиси исти способности како нивниот Фантом F4, а приказните за силата која ја кажуваат израелските пилоти дека МИГ-25 е несоборлив паѓаат во вода. Инаку важен историски детал е фактот што за време на Пустинската бура МИГ-25 го соборува американскиот F/A-18.

Изнервираните и револтирани Совети по добивањето на веста за бегството веднаш го ангажираат најдобриот агент кој што го имаат на територијата на Јапонија, Станислав Левченко да обезбеди враќање на Беленко како и на леталото. На Левченко прва задача му било да успее да ги спрели Американците на било кој начин да не влезат во внатрешноста на леталото. Начинот на кои се обидуваат да го повратат Беленко назад е преку медиумите, каде што наводно објавуваат писмо од страна на неговата сопруга дека е пронајдена и дека го бара својот сопруг да се врати назад во Советскиот сојуз. Подоцна по бегството на Лавченко се утврдува дека писмото било лажно. Јапонските медиуми одбиваат да ја споделат оваа вест во јавноста, бидејќи Беленко веќе во некои јапонски медиуми имал експлузивни интервјуа во кои кажува дека неговата сопруга го напуштила и се вратила назад во Москва заедно со неговиот син.

Напорот на Левченко пропадна, како и сите преговори зад сцената за МИГ-25 веднаш да се врати во Советскиот Сојуз. По деталното сослушување, Американците одлучија дека Беленко е одличен материјал, па наместо експресно да го вратат во Москва, тој заминува во Соединетите држави, се вработува како советник и предавач во американските воздухопловни агенции. Интересно е и тоа што само три месеци по него, Станислав Левченко исто така пристигнува во Соединетите држави како дезертер, и тој станува пријател со претходно дезертираниот пилот.

Епилогот со пребегнувањето МИГ-25 заврши на 12 октомври (67 дена по пребегнувањето) во пристаништето Хитачи, кога авионот им беше предаден на Советите. Авионот потоа беше префрлен на Балтикот со бродот Тајгонос и ја заврши својата кариера во градот Даугавилис во Литванија, каде што беше користен за тренинг и обука во Академијата на воздухопловните сили, а на крајот заврши во отпад.

Советите одлучија да спроведат детална истрага за пребегнувањето. Покрај сопругата, беа испрашани и голем број офицери и цивили со кои Беленко беше во контакт. За време на истрагата, информаторите на ГРУ наидоа на зачудувачки информации дека инструкторот за летање на Беленко избегал во Иран со неговиот авион во 1973 година, а исто така било утврдено дека Беленко постојано бил во конфронтација со неговите офицери. КГБ имаше задача да го дискредитира самиот Беленко, тврдејќи дека бил регрутиран од ЦИА, но до денес, не се објавени опипливи докази за да се потврди таквата приказна.

Каков беше епилогот од Советската страна? Без оглед на фактот што авионот беше вратен, на Беленко му се натовари материјална штета која му ја нанесе на СССР во износ од 2 милијарди рубљи, поради трошоците за обработка на софтверот што го користи МИГ-25. Системот старт-ап на ловечки ракети доби копче за самоуништување, а уредот веднаш го доби прекарот “Беленковскаја”.

Според непотврдени извори, односот кон пилотите кои летаат со авиони од највисока класа е променет во смисла на попривилегирана позиција, но со многу поефикасна проверка на патриотските чувства. Воениот колегиум на Врховниот суд на СССР го осуди граѓанинот Виктор Беленко (во отсуство) за предавство – на смртна казна со стрелање.

Беленко ја продолжи кариерата како соработник на американската разузнавачка заедница, па неговото име повторно се споменува во истрагата за соборувањето на јужнокорејскиот Боинг 747 (КАЛ 007). Наводно, тој ги преведувал и толкувал прислушуваните разговори на борбените пилоти кои учествувале во соборувањето на боингот.

Непотврдени извори, исто така, наведуваат дека Беленко го контактирал советското воено разузнавање во САД во 1982 година за да ја објасни неговата желба да се врати во Русија, но секој разговор со него бил одбиен. Беленко не се врати во својата татковина дури и по распадот на СССР, па дури и по истекот на кривичното гонење и отстранувањето на налогот за апсење во 2001 година, бидејќи неговите сонародници никогаш не му простија за овој предавнички чин.

Покрај тоа што им го достави авионот, Беленко на Американците им донесе и пилот-прирачник за летање со МИГ-25, со цел да им помогне на американските пилоти во проценката и тестирањето на авионот. Јапонија првично се согласи да спроведе тестови за летање над нејзината територија со цел да ги тестира моторите и радарите. Сепак, тие проценија дека тоа може да ги предизвика Советите да реагираат, па затоа побараа авионот да се тестира на друго место, за да биде префрлен во САД на 25 септември.

Американскиот претседател Џералд Форд на пилотот му даде политички азил, па дури и формираше фонд за финансирање на неговиот престој во Соединетите држави. Конгресот на САД му додели државјанство на Беленко во 1980 година, кое лично го потпиша Џими Картер. За време на неговиот престој во Соединетите држави, Виктор Беленко се ожени со професорка по музика од Северна Дакота, од која подоцна се разведе.

По распадот на СССР, Беленко беше во деловна посета на Москва во 1995 година како американски државјанин.