Најсмешните работи кои мажите ги кажуваат во текот на сексуалниот однос: „Следен пат прво….

Ескпертот за сексуални односи и врски Трејси Кокс, разговарала со жените за најлошите искуства кои што ги доживеале во текот на сексуалниот однос.

„Кое е најлошото нешто кое што мажот ти го кажал во текот или пак по сексуалниот однос?“, е прашањето кое што Трејси им го поставила на жените.

Google search engine

Ова се одговорите:

„Смеејќи се ми кажа дека неговиот пријател ќе биде бесен кога ќе дознае дека прво тој имал сексуален однос со мене“

„Среде галење по сексуалниот однос ми кажа дека добро би било да одам во теретана затоа што така би била позгодна“

„Може ли наредниот пат прво да се истушираш?“

„Добро завршена работа“

„Не ме привлекуваш сексуално. Тоа го кажа по сексуалниот однос“

„Едно момче сопре сред сексуалниот однос затоа што сметаше дека е себично од мене да доживеам оргазам пред него“

„Најлошо ми беше кога не ми кажа ништо. Сите се нервозни околу првиот пат и секако дека треба да се даде поддршка или пак некакво охрабрување“

„Градите ти изгледаа многу поголемо кога носеше градник“

„Симпатично ми е тоа што не ти е грижа што си дебела“

„Со месеци се обидуваше да ме освои, а кога конечно спиев со него, се облече и кажа да го побарам кога ќе посакам да го повторам тоа“

„Знам дека не сакаш да се избричеш, но можеш ли барем малку? Одвратно е“.