Најсексапилната жена на светот ја оправда титулата со нова провокативна фотосесија

Најпознатата плус сајз манекенка Ешли Греам ја потврди титулата на најсексапилна жена на светот со новите фотографии.

Имено, Греам неодамна беше прогласена за најсексапилна жена на светот според магазинот „Maxim“, а сега ги искористила своите социјални мрежи за да ги потсети фановите зошто токму таа ја носи оваа титула.

Google search engine

Иако има над 90 килограми, Ешли зрачи со харизма. Облечена во обичен црн фустан и сини сандали, таа гордо позирала пред објективот на фотоапаратот, покажувајќи ја секоја своја облина и несовршеност на телото со кои се гордее.

Со ваквиот потег, плус сајз манекенката покажа дека убавината на човечкото суштество произлегува од прифаќање на сопствените маани, но и доблести.

Како една од причините поради која Ешли се најде на врвот на листата „Hot 100“ на магазинот „Maxim“ се наведува дека таа е претставничка на „движењето кое ги потсетува луѓето дека треба да се прифатат себеси онакви какви што се“.

Влезе во историјата како првата манекенка со облини која се појавила на насловните страници на списанијата „Vogue“ и „Sports Illustrated“, а носеше ревии за познати брендови како „Michael Kors“, „Dolce & Gabbana“, „H&M“ и други.