Дејвид Коперфилд е еден од најпознатите магионичари во светот кој успеа да оствари статус на светска sвезда, а неговиот имот денес се проценува на околу 800 милиони долари.
Во светот на магијата и илузијата, денес 65-годишниот Дејвид одлучи да влезе како млад човек и тоа за да се ослободи од срамежливоста пред спротивниот пол, а се чини дека и тоа како му успеало.
Иако денес можеби е по малку заборавен и веќе не се зборува за него како што се зборуваше во 90-те години кога беше на врвот на славата, неговите настапи во Америка сè уште се популарни и се бара билет повеќе за нив.
„Форбс“ го прогласи за најуспешен илузионист на светот, а зад него е кариера подолга од 40 години. Дејвид се покажа и како добар претприемач бидејќи успешно води 11 луксузни хотелски ресорти на Бахамите.
Она што денес привлекува големо внимание е и неговиот изглед, бидејќи од згодниот заводник останало малку. На прв поглед е јасно дека се одлучил за третмани за подмладување на лицето, а косата со текот на времето му станала побујна поради што се шпекулира дека всушност носи перика.

Успесите на Дејвид неколкупати останаа во сенка од големите скандали во кои беше вплеткан, а исто така беше обвинет за две сексуални злоставувања. За првпат беше обвинет во 2007 година од страна на Лејси Л. Керол, но нејзината тужба на крајот беше отфрлена, а пред 3 години се појавија нови обвиненија за злоупотреба на тинејџерка во 1988 година.
Љубовниот живот му го одбележа врската со манекенката Клаудија Шифер која ја запознал на еден од неговите настапи, а веќе 7 месеци подоцна ја запроси со прстен од 4,5 милиони долари.

Сепак, парот никогаш не се венчаше, а се зборуваше дека нивната врска била само добро осмислен маркетиншки трик за кој таа била добро платена.
Од 2006 година, Дејвид е во врска со 28 години помладата манекенка Клои Госелин со која денес ја има 11-годишната ќерка Скај.
