Најпопуларниот бренд на светот е казнет поради лажно рекламирање

Како што веќе знаете, славниот бренд е носач на титуалата за најскапа реклама на светот.

Сепак, како што велат неговите верни фанови, требало да вложи повеќе пари и труд во своите „Sublimage La Creme Texture Supreme“ и „Le Blanc Masque Healthy Light Creator Mask“ произвди.

Google search engine

Овие скапоцени производи се чини дека не функционираат добро (подобро кажано воопшто), за да ги отстранат пегите или инхибираат меланинските формации како што тврдат. „Sublimage La Creme„, која чини 400 долари, ветува ефект на подмладување, благодарение на научниците кои го посетиле најоддалечениот дел од островот Мадагаскар, за да пронајдат уникатни состојки против стареење. Сепак, вистината која доаѓа со овие производи е многу поинаква – двата производи се увезуваат како козметика без специјална употреба, а нивните формули не содржат состојки со такви функции, поради што кинеската единица на брендот „Chanel“ е казнета со 30.420 долари поради лажно рекламирање.

После тврдењето за подобрување на кожата, кампањата не можеле да го поднесе релевантниот лабораториски извештај кој би ги докажал тие функции, што е прилично шокантно кога се работи за бренд со репутација која ја ужива „Chanel“. Маската која чини 100 долари наводно функционира преку ноќ, за да го врати сјајот на кожата. На сајтот на брендот стои и опис во кој брендот тврди дека кожата после користење на оваа маска е сјајна и свежа.

Сепак, после казната, „Chanel“ ги прилагодиле своите описи на сајтот, иако повеќе од 140 производи пропаднале. Изгледа дека ниту најголемите не се заштитени кога станува збор за законот, што нам, како потрошувачи, може да нѝ звучи утешително.