Првите профили на Инстаграм се отворија во октомври 2010 година и после тоа оваа мрежа стана една од најпопуларните во светот. На бројни познати личности Инстаграм им е омилената мрежа каде со своите фанови споделуваат моменти од нивните приватни животи и секојдневието.
На фотографиите имаат вртоглави бројки на лајкови, а некои се истакнуваат и со популарноста.

Од дваесет можни профили со најмногу лајкови, далеку на првото место се најде Кајли Џенер која со првата фотографија од својата ќерка собра 18 милиони лајкови во рок од неколку дена.

Потоа следува Џастин Бибер кој во јули со фотографија ја објави веридбата со Хејли Болдвин и заработи повеќе од 13 милиони лајкови.

На третото место повторно е Кајли која за втората фотографија со својата ќерка добила 13 милиони лајкови.

После смртта на Мак Милер, неговата поранешна девојкаАријана Гранде објави емотивна фотографија и порака во негова чест, која ја лајкнаа 12,8 милиони луѓе.

Уште еден рапер го зазеде местото на оваа листа,XXXTentacion со својата последна фотографија објавена пред смртта собра 12,6 милиони лајкови.

На шестото место се најде легендарниот Кристијано Роналдо кој по пат на Инстаграм објави дека се сели во Јувентус, а како Кајли и тој се појавува повеќе пати на оваа листа со повеќе од 10 милиони лајкови.
На листата се нашле и Бијонсе, Селена Гомез и Двејн Џонсон. Бијонсе направи “бум” со бременоста, Двејн со својата ќерка, а Селена нè извести за трансплантацијата на бубрегот.
Според последните податоци, најследениот Инстаграм профил го има Кристијано Роналдо, а зад него се Селена Гомез, Аријана Гранде, Двејн Џонсон, Ким Кардашијан и многу други.