Докторот и промотор на здрав живот, Дејвид Агус (56), станал најплатениот доктор во Холивуд.
Дејвид Агус е исклучително ценет и почитуван доктор во Холивуд, а со самото тоа и во Америка.
Тој долго време го лекувал и Стив Џобс, но не можел да го излечи поради тоа што Џобс добил рак.
Дејвид има своја листа на правила за живот без болести:
1. Кофеин
Прво, мора да го добивате само од природни производи – цело зрно кафе и цели лисја од чај. Второ, не треба да пиете кафе или чај повеќе од еднаш или двапати дневно. Меѓутоа, целосното отфрлање на овој стимуланс повеќе штети отколку што е корисно – кофеинот е одличен стимуланс на нервниот систем.
2. Насмевнете се
Насмевката сама по себе го тера мозокот да ослободи ендорфин и серотонин – хормони кои најдобро ги ублажуваат болките во текот на стресот.
3. Не тренирајте напорно во теретана неколку пати неделно
Клучот на доброто здравје е секојдневно давање на телото 15 минути моќно оптоварување, што би го забрзал пулсот за околу 50 отсто од вообичаениот ритам. Долга прошетка или пак искачување по скали е најдобра вежба.
4. Внимавајте на пулсот, моторната активност и притисокот.
5. Треба да јадете најмалку три оброци во текот на неделата кои вклучуваат риба, за да му помогнете на вашето срце и мозок.
6. За вечера напијте се и една чаша црвено вино. Тоа е добра превенција за болести на срцето и крвните садови.
7. Консумирајте доволна количина на магнезиум, а тој може да ве спаси од мозочен или пак срцев удар.
8. Задолжително појадувајте.
9. Важно е често да ја менувате постелнината од креветот.
10. Носете само удобни чевли.
11. Шетајте од 1 до 3 километри дневно.
12. Пијте зелено смути и останати смутија кои се полни со витамини.
13. Јадете добра храна: месо, а не колбаси, риба, а не конзервирана туна, зеленчук, но не купена салата.
14. Не купувајте сокови во шише (се мисли на сокови кои се вештачки засладени).
15. Бидете позитивни.
16. Чувајте се од изгореници од сонце. Штетата по здравјето вообичаено не е веднаш видлива.
17. Избегнувајте рендгенски зраци.
18. Молете се, па дури и кога сте на работа.