Најозлогласената прељубничка на светот има леукемија: „Бев убедена дека умирам, Икарди сакаше да го напушти фудбалот, децата плачеа…“

Светските медиуми деновиве ја пренесоа веста за тешката болест на Ванда Нара, познатата претприемачка, инфлуенсерка и сопруга на познатиот аргентински фудбалер Мауро Икарди.

Ванда наводно боледува од леукемија, а иако оваа информација таа ниту ја демантирала ниту потврдила, очигледно е дека ѝ е дијагностициран сериозен здравствен проблем.

Google search engine

Атрактивната 36-годишна жена наскоро со сопругот ќе се пресели во Истанбул за тој да ја продолжи својата кариера во турски Галатасарај, а од таму често ќе треба да оди до Милано оддалечен два часа со авион, на лекување во специјализирана клиника.

„Бев во болница, но не знаев што се случува. На почеток ми пријдоа медицинските сестри и низ солзи ме прегрнуваа, а јас му реков на Мауро: Ќе умрам, а нема да ми го кажат тоа. Бев во паника затоа што не знаев што се случува“, наводно Ванда му раскажала на пријателот Анџело де Бритo којшто е инаку познат аргентински новинар.

Брито дополнително открил детали од нивниот разговор за медиумите: „Ми кажа точно за што станува збор, но нема да го изговорам тој збор, додека таа не го направи тоа. Ми рече дека и натаму е во шок и дека се обидува да се освести дека е болна“.

„Мислев дека моето семејство ќе биде уништено“

Од друга страна тој бил прилично отворен додека ги опишувал најтешките моменти на Ванда и прераскажал поголем дел од тоа:

„Во тој момент ме фати паника затоа што не знаев што се случува“, наводно му рекла Ванда.

„Сешто ми поминуваше низ главата. Децата плачеа, сите медиуми тоа го следеа. Мислев дека моето семејство ќе биде уништено. Мауро сакаше да прекине да се занимава со фудбал. Мојата сестра Заира побрза што поскоро да се врати од одмор. Мојата мајка легна на подот. Се чувствував како светот да ми се удри од глава. Но, потоа станав уште посилна, така што на сите им покажав дека сум добро, па дури и кога сѐ се распаѓаше“, заклучила убавата Аргентинка.

Да ве потсетиме, Ванда и Икарди се во брак од 2014 година, а парот има две девојчиња и она што е особено интересно е тоа што фудбалерот ја запознал Ванда преку поранешниот сопруг Макси Лопез зошто тие двајца биле добри пријатели, но и колеги од репрезентацијата на Аргентина.

Таа во еден момент својот брак со Лопез, со кој има три деца, го оставила настрана затоа што се заљубила во Мауро. Набрзо потоа се развела и станала госпоѓа Икарди, па го заработила епитетот најозлогласената прељубничка на планетата.