Најновиот одговор против Ковид-19 – пренослив прочистувач на воздухот (ФОТО/ВИДЕО)

Преносливиот прочистувач на воздухот е најновиот високо-технолошки долгорочен одговор на Ковид-19.

„Воздушниот прстен“ е дизајниран да го остави остатокот од лицето слободен и недопрен.

Реклама

Преносливиот прочистувач на воздух се состои од два полукружни прстени.

Долниот прстен за носење ги вклучува вратот и рамената, додека горниот прстен има два лака, кои „испорачуваат“ воздух.

„Моќна тивка воздушна турбина“ – така ги опиша производителот протокот на воздух и најновиот патент.

Најсовремениот и заменлив „N95 HEPA“ филтер е заслужен за прочистување на воздухот.

Реклама