Најмладиот милијардер има само 18 години! Како го стекна богатството

Осумнаесетгодишниот Лиман вреди 3,3 милијарди долари откако ги наследи акциите во германскиот ланец на аптеки „dm-drogerie markt“ од неговиот татко Гунтер Лиман. Ова го покажа 35-тата годишна листа на милијардери на Форбс, која беше објавена на 6 април.

„Dm-drogerie markt“, изворот на богатството на Лиман, е водечки ланец аптеки во Германија. Основана е во 1974 година, а според веб-страницата на компанијата, вработува повеќе од 41 000 луѓе во повеќе од 2000 продавници низ Германија.

Реклама

Според Форбс, ниту Кевин ниту неговиот татко не се вклучени активно во компанијата и малку се знае за нив. “Бизнис инсајдер” ги контактирал „dm-drogerie markt“ барајќи изјава, додека, како што е наведено во текстот, не било можно веднаш да се добие коментар од Лиман.

Второто место меѓу најмладите милијардери во светот во 2021 година го зазема 24-годишниот Ванг Зелонг од Кина, „тешки“ 1,5 милијарди долари. На третото и четвртото место се норвешките сестри Александра и Катарина Андресен, кои имаат 24, односно 25 години, и секоја „вреди“ по 1,4 милијарди долари. И двете поседуваат дел од семејниот бизнис на Ферд, инвестициска компанија вредна повеќе милијарди долари.

Како што се додава, моментално најмладиот милијардер во светот – за кој не е познато дека е присутен на ниту една од водечките социјални платформи – е сосема спротивен од претходниот носител на титулата. Да потсетиме, на листата на милијардери на Форбс за претходната година, оваа титула ја доби ѕвездата на реалното шоу и моден магнат Кајли Џенер.

Листата на „Форбс“ се заснова на информации за најбогатите луѓе во светот, користејќи ги цените на акциите и девизниот курс од 5 март и ги зема во предвид само оние луѓе чија нето вредност е поголема од милијарда долари. Според списокот, сега има 2.755 милијардери во светот – повеќе од кога било досега.

Дури и по пандемијата во 2020 година, светските милијардери се побогати отколку што биле некогаш. Според „Форбс“, вкупното богатство на светските милијардери се зголемило од 8 трилиони долари на огромни 13,1 трилиони долари. Во меѓувреме, извештајот на Институтот за политички студии откри дека светските милијардери додале 4 трилиони долари на своето богатство – значително помалку од проценките на Форбс – од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година.

Реклама