Најмладата милијардерка се огласи по породувањето: „Не сакав да се вратам во јавниот живот без да кажам низ што поминувам“

Кајли Џенер одлучила со своите милиони следбеници на Инстаграм да сподели не толку убави моменти од нејзиниот живот.

Шест недели поминаа од нејзиното породување, а таа дури сега открила дека се бори со постпородилна депресија.

Google search engine

На Инстаграм-стори објави видео во кое раскажа како се чувствува.

„Не е лесно. Овојпат ова искуство за мене е многу потешко од кога ја родив ќерка ми. Не ми е лесно ниту ментално, ниту физички, едноставно е лудо. Не сакав само така да се вратам во јавниот живот без да кажам било што, бидејќи сега имаме пристап до интернет и можеме да кажеме низ што поминуваме, за да слушнат и другите мајки. Мене не ми беше лесно. Во ред е да не бидеш добро. Сфатив дека сама на себе си создавав притисок. И секогаш се потсетувам себеси дека родив прекрасно, здраво момче. Мора да престанеме да се притискаме себеси. Не само физички, туку и психички“, раскажала Кајли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kyliecswim

Кајли Џенер инаку на почетокот на февруари роди син, на кој му го дала името Вулф Вебстер.

Ова е нејзино второ дете со раперот Травис Скот. Тие двајца исто така ја имаат и четиригодишната ќерка Сторми, која е родена на 1-ви февруари.