НАЈМАЛКУ ОСУМ МРТВИ: 18-годишен студент е лицето кое го извршило нападот на Универзитетот во Русија

Вооружениот напаѓач од снимките кој упаднал во кампусот на Универзитетот Перм во истоимениот град во Русија, бил студент на Универзитетот, пренесува ТАС.

Според наводите на полицијата, напаѓачот од кампусот наводно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците.

Google search engine

Студентите од кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.

Според најновите информации од Russia Today, во нападот има најмалку 8 загинати, а најмалку 6 повредени.